Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЦУК: Пожарникарите со полни раце работа во последните 24 часа, но утрово нема активен пожар
Македонија

ЦУК: Пожарникарите со полни раце работа во последните 24 часа, но утрово нема активен пожар

25/07/2023

AA

Регионалниот ЦУК Скопје, ја пренесува информацијата од Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје во којашто се наведува дека во период од 10:15 до 11:29 часот, гаснеле запалена депонијата Вардариште на ул. „Перо Наков“ бб  на површина од 500 м2. Интервенирале со 1 ПП возило и 3 пожарникари (Општина Аеродром). Во период12:55 до 14:05 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалено ниска вегетација и грмушки на површина од 2.500 м2 во село Свиларе кон Радуша (Општина Сарај). Во период од 14:35 до 15:30 часот, гаселе запалена ниска вегетација и грмушки на површина од 1.000 м2 на влез во Скопје од Тетово. Во гаснењето на пожарот интервенирале со 1 ПП возило и 3 пожарникари (Општина Сарај). Во период од 15:00 до 17:45 часот, гаселе запалена викенд куќа  со површина од 50 м2 во село Булачани. Во гаснењето на пожарот интервенирале со 2 ПП возила и 6 пожарникари (Општина Гази Баба). Во период од 16:10 до 17:00 часот, гаселе запалена ниска вегетација и електричен кабел на ул.„Призренска“ бб. Интервенирале со 1 ПП возило и 3 пожарникари (Општина Бутел). Во период од 19.35 до 21.20 часот, гаселе запалена викенд куќа во село Булачани. Интервенцијата ја извршиле со 1 ПП возило и 4 пожарникари (Општина Гази Баба).

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека ТППЕ Демир Хисар во која се наведува дека во период од 11:00 до 13:10 часот, интервенирале на запалена борова и дабова шума на површина од 0,5 хектари во атар на с. Стругово, Општина Демир Хисар. Во гаснењето на пожарот интервенирале 2 пожарникара со 1 теренско возило за шумски пожари, 10 вработени од ЈП „Национални шуми“ – подружница „Бигла“ и 4 лица од месното население. Пожарот е локализиран, а на местото на пожарот во текот на ноќта дежурала екипа од 12 вработени од ЈП Национални шуми подружница Бигла од Демир Хисар.
ТППЕ Прилеп, во период од 09:20 до 10:00 часот, со 2 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација во близина на бензиската станица „ЛУКОИЛ“ на патниот правец кон превојот „Плетвар“.
ТППЕ Прилеп во изминатото деноноќие имале уште 3 помали интервенции на запалена сува трева на различни локации во градот и околината.

Регионалниот ЦУК Штип, ја пренесува информацијата од ТППЕ Штип во којашто се наведува дека во период од 15:00 до 15:40 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возила интервенирале на запалена ниска вегетација кај месноста „Мирјанина Црква“. Во период од 15:00 до 16:10 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на пожар кај фабриката „Мебел“. Со пожарот била зафатена пилевина од фабрика за мебел. Во период од 15:40 до 16:20 часот, со 2 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација кај Живинарска фарма „Штип“.
ТППЕ Кочани во период од 15:40 до 17:20 часот, со 5 пожарникари и 2 ПП возила интервенирала на запалена депонија помеѓу селата Кучичино и Чифлик. Во период од 17:30 до доцните вечерни часови, интервенирала на запалена ниска вегетација  и вегетација на  земјоделско земјиште помеѓу селата Соколарци и Жиганци. Во гаснењето на пожарот интервенирале 4 пожарникари со 2 ПП возила и 10 лица доброволци.

Регионалниот ЦУК Охрид, ја пренесува информацијата од ТППЕ Охрид во која се наведува дека во период од 02:00 до 17:00 часот на ден 24.07.2023 година, во три наврати интервенирале на пожар на запалена куќа во с. Вапила каде што пожарот се проширил на соседните две куќи. Во гаснењето на пожарот интервенирале 10 пожарникари со 4 ПП возила.

Регионалниот ЦУК Куманово, известува дека ТППЕ Куманово, во изминатото деноноќие имале една помала интервенција во градот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ЈА ПРОПУШТИЛА ШАНСАТА ЗА ДОБАР ПРВ ВПЕЧАТОК Мицкоски

26/09/2026
Македонија

СОФИЈА НЕ САКА БРИСЕЛ ДА СЕ ВКЛУЧИ ЗА ДА НЕ

26/09/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО На граѓаните

26/09/2026
Македонија

СВЕТЛАНА МОЈСОВ ОДЛИКУВАНА СО ОРДЕН „8 СЕПТЕМВРИ“ Македонија се гордее

26/09/2026
Македонија

ПРВО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, ПА ОТВОРЕНИ ЛИСТИ Платформата 12.05 нуди

26/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ Е ФРАКЦИЈА ВО СДСМ И МОРА ДА ЈА ОСЛОБОДИ

26/09/2026
Македонија

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА

26/09/2026
Македонија

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ

26/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45826
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ЈА ПРОПУШТИЛА ШАНСАТА ЗА ДОБАР ПРВ ВПЕЧАТОК Мицкоски не сака да се меша

26/09/2026

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ ја пропуштила можноста да остави позитивен прв впечаток, бидејќи ги потценува граѓаните, со тоа

СОФИЈА НЕ САКА БРИСЕЛ ДА СЕ ВКЛУЧИ ЗА ДА НЕ ПРИЗНАЕ ДЕКА ИМАМЕ БИЛАТЕРАЛЕН СПОР

26/09/2026

Досегашните средби на билатерално ниво меѓу Северна Македонија и Бугарија се средби „колку да се случат“, а Европската Унија треба

ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО На граѓаните им е препорачано да ги

26/09/2026

Во автоотпад во Тетово избувна пожар, при што биле зафатени гуми, акумулатори и пластични делови од возила. Пожарникарите со часови

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy