Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри
Економија

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

14/05/2024

AA

На пазарите кај нас, но и во соседството и пошироко веќе се продаваат сезонските омилени бобинки. Од јагоди и малини, чија боја плени на прв поглед, па се до боровинки и други производи, тезгите се преполни. 

Но, цените по кои тие се продаваат во малопродажба шокираат. 

Во Македонија во последните години канче малини од околу 150 грама се продаваше и по 300 денари. 

Како што пишуваат медиумите во Србија каде као и кај нас се појавија првите малини, а нивната цена моментално е 1.500 динари (750 денари) за килограм, додека според прогнозите откупната цена најверојатно ќе се движи од 150 до 350 динари.

На пазарот „Кванта“ во Белград, во првата недела од мај боровинките и малините се појавија по тогашна цена од 2.000 динари за килограм, а во праските доминирала сумата од 350 динари за килограм, покажуваат податоците на тамошните институции.

Килограм кајсии чини 620 динари, а крушите од 260 до 310 динари. За килограм нектарини треба да се издвојат 450 динари, додека сливите се 350 динари. 

На зелените пазари цените се значително повисоки, па кајсиите на пазарот Калениќ се продаваат по 1.000 динари, а крушите околу 400 динари.

Најдоминантна цена на лимонот била 130 динари, портокалите не надминале 150, додека црешите се движат од 250 до 300 динари за килограм.

Забележителен е пад на цената на јагодите кои сега во Нови Сад може да се купат за 100, а во Белград за 170, додека вредноста на бананите никаде не надминува 180 динари за еден килограм.

Германците секогаш плаќаат повеќе

Овошјето и зеленчукот секако е поскап низ европските земји. Како што пренесуваат нашите иселеници, таму цените се секогаш двојно повисоки од балканот. 

Во случајот со малините и јагодите, кои во европските земји може да ги има и скоро цела година, цените исто така се високи.

Канче од 125 грама малини чини околу две евра (120 денари), додека канче 150 грама капини чини 3,5 евра (200 денари).

Од друга страна увозни кајсии во дел од маркетите се нудат по поприфатливи цени, кои се околу 1,5 евро за килограм или 90 денари за килограм.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пожарот во Церово под будно следење, екипите со максимален ангажман

21/08/2026
Македонија

Водата во Демир Капија повторно безбедна за пиење, укината забраната

21/08/2026
Македонија

Филипче за Мицкоски: Одговорноста ќе го стигне откако власта ќе

21/08/2026
Македонија

Холанѓанец фатен на Табановце со 168 км/ч, возел двојно побрзо

21/08/2026
Македонија

Приведени11 возачи за безобѕирно управување со возило – осум возеле

21/08/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова до македонските спортисти во Таранто: Верувајте во себе и

21/08/2026
Македонија

Со брусилица исечени над 45 столбови на патеката Попова Шапка

21/08/2026
Македонија

Пожарот кај Никуштак и натаму активен – се очекува интервенција

21/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45172
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пожарот во Церово под будно следење, екипите со максимален ангажман на терен

21/08/2026

Пожарот што го зафати селото Церово во Општина Желино е под засилен надзор, а надлежните екипи се со максимален ангажман

Водата во Демир Капија повторно безбедна за пиење, укината забраната

21/08/2026

Жителите на Демир Капија повторно можат да ја користат водата од градскиот водовод за пиење и подготовка на храна. Од

Филипче за Мицкоски: Одговорноста ќе го стигне откако власта ќе ја вратиме во рацете на

21/08/2026

Во интервју за „Тема на денот“ на Сител телевизија, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, врече дека трагедијата и болката

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy