Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Црвенковски: Земјите од Западен Балкан да побараат од ЕУ постепена интеграција и пред полноправното членство
Македонија

Црвенковски: Земјите од Западен Балкан да побараат од ЕУ постепена интеграција и пред полноправното членство

14/10/2023

AA

Поранешниот претседател на државата Бранко Црвенковски денеска на регионална конференција во Скопје предложи земјите од Западен Балкан да побараат од Европската Унија постепена интеграција и пред полноправното членство.

– Сите земји од Западен Балкан, без исклучок, заедно да побараме од ЕУ пристап до заедничкиот европски пазар и до структурните фондови на Унијата. Не како алтернатива на полноправното членство, туку како меѓучекор кој дополнително ќе не подготви за целосно интегрирање, рече Црвенковски на регионалната конференција „Интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ – предизвици и перспективи“.

Додека одлуките во Европската Унија се донесуваат едногласно со целосен консензус и додека постојат лимитирачки фактори во евроинтегрирањето, важно е земјите од Западен Балкан, нагласи Црвенковски, да ги завршат работите што зависат само од нив – да ги спроведат неопходните реформи – не затоа што Брисел тоа го бара, туку затоа што тоа е добро за граѓаните.

-Да го совладаме најголемото зло – корупцијата и да обезбедиме неселективна правда и целосно почитување на правото, рече поранешниот шеф на државата на конференцијата која денеска во Скопје ја организираат Подгоричкиот клуб и Универзалната мировна федерација.

За она што, пак, зависи само од центрите во ЕУ, смета дека земјите на Западен Балкан имаат избор меѓу две опции – да останат пасивни и да чекаат или да покажат иницијативност и да и помогнат на ЕУ да дефинира нов пристап кон Западен Балкан.

Предлогот за реформирање на ЕУ т.е. за замена на консензуалното одлучување со квалификувано мнозинство, со што би се укинало правото на вето кое досега го имаше секоја членка, како и владеењето на правото да стане највисок критериум, според Црвенковски, е неизвесно дали ќе почне и колку ќе трае и коректно е, рече, „кога се спомнува 2030 како термин за можно проширување, реченицата да се дополни со ’доколку Унијата дотогаш се реформира и се подготви за проширување’“.

Осврнувајќи се на интегрирањето на Западен Балкан во ЕУ кое, рече, се одвива „недозволиво споро со периоди на целосен застој и без каков било исчекор напред“ и зборувајќи конкретно за нашата држава, посочи дека голем дел од причините лежат во нашите сопствени слабости, меѓу кои ги наведе „недозволиво висок степен на корупција и разни видови организиран криминал, неефикасен судски систем – корумпиран и подложен на политички влијанија, партизирана и неефикасна администрација, донесени европски закони кои се имплементираат на балкански начин, реформи кои или се пролонгираат или се спроведуваат половично“.

ЕУ декларативно се залага за проширување, додаде Црвенковски, но во реалноста не е подготвена за тоа.

-Принципот на одлучување по пат на целосен консензус ја оневозможува да одлучува и делува брзо и ефикасно. Доаѓа до чести бпокади, а барањето компромис прифатлив за сите резултира со половични решенија, рече поранешниот претседател.

За интегрирањето на нашата држава во ЕУ, која има кандидатски статус од 2005 година, Црвенковски посочи на направените „болни отстапки“ за промена на уставното име. Сепак, освен членството во НАТО, не добивме датум за почеток на преговорите со ЕУ поради појавениот билатерален спор со Бугарија кој, рече, е за „прашања кои немаат никаква допирна точка со копенхашките критериуми“.

-Ни се оспорува нашиот национален идентитет и историски континуитет. Во случајот со Македонија се направија сите можни прседани и се демонстрираше целосна непринципиелност од страна на ЕУ во однос на почитувањето на основните вредности на кои се темели самата Европска Унија, кажа Црвенковски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОБЈЕКТОТ НА „ПУЛС“ ИМАЛ ТРИ ВЛЕЗОВИ И ИЗЛЕЗИ, НО НЕ

19/10/2026
Македонија

ИНСТИТУЦИИТЕ СЕ СОЗДАВААТ СО ДЕЦЕНИИ, А СЕ БРИШАТ СО ЕДНО

19/10/2026
Македонија

СЕ МЕНУВА ВОДОВОДНА МРЕЖА СТАРА НАД 40 ГОДИНИ ВО БИТОЛА

19/10/2026
Македонија

КРАЖБА ВО ДЕБАРСКАТА БОЛНИЦА Вработена му дала клуч на 42-годишник,

19/10/2026
Македонија

СКОПЈЕ ЈА ПРЕДУПРЕДИ СОФИЈА ЗА ДИПЛОМАТСКИ МЕРКИ Изјавите за Ива

19/10/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГО ОСПОРИ ВЕШТАКОТ НА ГАЗДА ДЕКО, БИЛ ОБВИНЕТ ЗА

19/10/2026
Економија

Ќе плаќате ли поскапо гориво? Дизелот поскапува, бензинот поевтинува во

19/10/2026
Македонија

СДСМ СИ ПРАВИ ВЕСЕЛА МАТЕМАТИКА ПО ПОРАЗОТ ВО БРВЕНИЦА Според

19/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46264
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОБЈЕКТОТ НА „ПУЛС“ ИМАЛ ТРИ ВЛЕЗОВИ И ИЗЛЕЗИ, НО НЕ ЗА ЕВАКУАЦИЈА За евакуацијата треба

19/10/2026

Прашањата на Обвинителството за бројот на влезови и излези во дискотеката „Пулс“ во Кочани и можноста за евакуација на посетителите

ИНСТИТУЦИИТЕ СЕ СОЗДАВААТ СО ДЕЦЕНИИ, А СЕ БРИШАТ СО ЕДНО РЕШЕНИЕ Отворено писмо од прим.

19/10/2026

Постојат одлуки што тешко се разбираат. Но постојат и одлуки што нè принудуваат да се запрашаме во какво општество живееме

СЕ МЕНУВА ВОДОВОДНА МРЕЖА СТАРА НАД 40 ГОДИНИ ВО БИТОЛА Почна реконструкцијата на улицата Димитар

19/10/2026

Водоводната мрежа стара повеќе од 40 години на улицата Димитар Тодоровски во Битола ќе биде целосно заменета со нова. ЈКП

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy