Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Црвен крст изгуби голем хуманист – почина Глигор Новачевски
Македонија

Црвен крст изгуби голем хуманист – почина Глигор Новачевски

12/06/2025

AA

Попладнево се огласија од Црвен крст од каде велат дека изгубиле голем хуманист.

По кратко боледување, во раните утрински часови, починал нивниот долгогодишен колега Глигор Новачевски.

„Во овие моменти на болка тешко е да се најдат вистинските зборови за да го опишеме она што нашиот Гиго ни го остави зад себе во својата над 30-ет годишна кариера во Црвениот крст. Секогаш насмеан и ведар, полн со знаење и инспирација, неуморно и успешно го промовираше и организираше крводарителството во нашата организација. Но тој можеше и правеше се она што ќе беше побарано од него. Беше секогаш и секаде каде што беше потребно. Ништо не му претставуваше потешкотија. Секогаш подготвен да одвои време и насмевка за луѓето околу него.

Нашиот Глигор беше омилен и ведар лик, вистински црвенокрсташ кој низ годините преку својата неуморна работа и постигнувања остави длабока трага во нашата организација. На сите многу ќе ни недостасува. Останува на нас да се сеќаваме на неговата добрина и сите пријатни моменти со кои не задолжи и убедени сме дека неговиот инспиративен дух ќе продолжи да биде заедно со нас во исполнување на нашата хуманитарна мисија.

Најискрено сочувство до неговото семејство, пријателите и најблиските.

Во чест на нашиот ценет колега Глигор Новачевски, Црвениот крст на РСМ ќе одржи комеморативна седница во Домот на хуманитарни организации Даре Џамбаз на 13 јуни, 2025 со почеток во 10:00 часот.

Погребот ќе се одржи истиот ден на градските гробишта Бутел во Скопје од 12.30 часот. Нека му е вечна слава и нека почива во мир“, велат од Црвен Крст.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОБЛАЧНО И СО ДОЖД Температури до 17 степени

11/04/2026
Македонија

Велигденската трпеза стана луксуз: Граѓаните купуваат „колку за мерак“

11/04/2026
Македонија

Внимавајте со храната за Велигден!

11/04/2026
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

11/04/2026
Македонија

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто

10/04/2026
Македонија

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и

10/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА УПОРНО АПСИ, НЕСОВЕСНИ УПОРНО ВОЗАТ ПИЈАНИ И БЕЗ ВОЗАЧКА

10/04/2026
Македонија

Официјално: Со возачка дозвола од „Б“ категорија ќе може да

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42367
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОБЛАЧНО И СО ДОЖД Температури до 17 степени

11/04/2026

Облачно време со услови за слаб дожд во источните делови ја одбележува денешната прогноза, додека температурите ќе се движат до

Велигденската трпеза стана луксуз: Граѓаните купуваат „колку за мерак“

11/04/2026

Годинава, празничната атмосфера пред Велигден не ја следи иста еуфорија на пазарите. Иако тезгите се полни, а понудата разновидна, купувачите

Внимавајте со храната за Велигден!

11/04/2026

Во пресрет на велигденските празници, лекарите апелираат граѓаните да бидат особено внимателни при подготовката и консумирањето на храната, бидејќи токму

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy