Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАД 700 НОВИ СТАНОВИ ЌЕ НИКНАТ ВО МАКЕДОНИЈА – повторно најмногу одобренија за градба издадени во Скопскиот регион
Економија

НАД 700 НОВИ СТАНОВИ ЌЕ НИКНАТ ВО МАКЕДОНИЈА – повторно најмногу одобренија за градба издадени во Скопскиот регион

12/06/2025

AA

Во април годинава се издадени 357 одобренија за градење, што е за 38,9 проценти повеќе во однос на април лани, објави Државниот завод за статистика. 

Во извештајниот период е предвидена изградба на 729 станови со вкупна корисна површина од 60.833 метри квадратни. 

Од вкупниот број станови, 266 се во Скопскиот регион, 232 во Југозападниот, 125 во Полошкиот регион, 63 во Источниот регион, 16 во Вардарскиот регион, 14 во Југоисточниот регион, 10 во Pелагонискиот и 3 во Североисточниот регион.

Најмногу одобренија се издадени во Скопскиот регион, 89, по што следуваат Југозападниот со 74, Полошкиот со 62, Источниот со 40, Југоисточниот 31, Вардарскиот 26, Пелагонискиот 23, а најмалку, 12, во Североисточниот регион. 

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува  6.316.119 000 денари, што е за 10,7 проценти  повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 177 или 49,6 проценти се наменети за објекти од високоградба, 61 или 17,1 процент се наменети за објекти од нискоградба и 119 или 33,3 проценти за објекти за реконструкција.

На 154 или 43,1 отсто од објектите како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 203 или 56,9 проценти инвеститори се деловни субјекти. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy