Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 CNN: Западните сојузници стануваат нервозни поради контраофанзивата на Украина
Македонија

CNN: Западните сојузници стануваат нервозни поради контраофанзивата на Украина

04/07/2023

AA

Напредокот на контраофанзивата на Киев се мери во метри, а не во километри. Сојузниците на Киев многу добро знаат дека Украина не може да ја победи Русија без нивна помош, наведува американската телевизија.

Минските полиња во јужна Украина се толку густи што воените единици кои се обидуваат да ја освојат областа можат да напредуваат само „дрво по дрво“, изјави за Си-Ен-Ен војник вклучен во контраофанзивата на Киев на југот.

„Во сите мои години служба, никогаш не сум видел толку многу мини“, вели украински борец со кодно име „Легија“.

Според него, акциите на неговите војници биле „прилично успешни и ефективни“.

Сепак, додека тој и другите украински војници минуваат низ минските полиња, наидувајќи се на силно зајакната одбрана и воздушни напади, голем дел од светот изгледа дека мисли дека Украинците се движат прилично бавно.

Западните сојузници на Украина стануваат нервозни поради фактот што напредокот на долгоочекуваната контраофанзива на Киев се мери во метри, а не во километри.

Сојузниците на Киев многу добро знаат дека Украина не може да ја победи Русија без нивна помош.

Но, побавното од очекуваното темпо на контраофанзивата значи дека нивната поддршка може да стане сè понеодржлива доколку конфликтот се одолговлекува.

Многу земји кои ги поддржуваат воените напори на Украина се борат со висока инфлација, зголемени каматни стапки и слаб раст.

Нивните лидери, од кои некои се соочени со избори во следната година и половина, треба да го оправдаат огромното количество ресурси што ги вложија во Украина кога нивните гласачи се борат да врзат крај со крај.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗНАМ ЌЕ ПОЛАГА ДВЕГОДИШНА СМЕТКА ПРЕД ГРАЃАНИТЕ По отчетот во

18/09/2026
Македонија

ВИКЕНДОТ НОСИ OБЛАЦИ, ВЕТЕР И ДОЖД Од понеделник врнежите слабеат,

18/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е ЕДЕН ОД ВРВНИТЕ ПРИОРИТЕТИ НА САД ВО РЕГИОНОТ

18/09/2026
Македонија

ПОЗИЦИИТЕ НА ВЛАДАТА ОСТАНУВААТ ИСТИ Софија реципрочно треба да ги

18/09/2026
Македонија

ЖЕРНОВСКИ ПАК ГО ВОЗИ „МЕРЦЕДЕСОТ НА БРАТУЧЕДОТ“ А богами и

18/09/2026
Македонија

ЕДИНСТВЕНИОТ ОСУДЕНИК ЗА „ЛАСКАРЦИ“ ПОД НАДЛЕЖНОСТ НА КРИВИЧЕН ИЗЛЕГУВА ОД

18/09/2026
Македонија

ВРХОВЕН ОБЈАСНИ ЗОШТО Е УКИНАТА ПРЕСУДАТА ЗА ЛАСКАРЦИ Апелација не

18/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НЕ НИ ТРЕПНА КОГА СО ЗАЕВ ГО ПРОДАДОА ИМЕТО

18/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45671
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy