Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Чоколадо од Дубаи пред германскиот суд
Македонија

Чоколадо од Дубаи пред германскиот суд

14/01/2025

AA

Чоколадото од Дубаи е само она што се прави во Дубаи, одлучи регионалниот германски суд во Келн во процесот против ланецот супермаркети Алди.

Судот пресуди дека Алди повеќе не може да им го нуди на клиентите својот производ произведен во Турција, кој го нарекува Дубаи чоколадо, пренесува Тагешаус.

Алди тврди дека на задната страна на производот пишува дека потекнува од Турција, но судот не го прифатил овој аргумент бидејќи името на производот „Aluan Dubai Handamede Chocolate“ може да ги збуни потрошувачите и да ги наведе да заклучат дека чоколадото е произведено во Дубаи.

Тужбата ја поднесе увозникот на кондиторски производи Андреас Вилмерс, кој продава чоколадо од брендот Фекс произведено во Дубаи во Германија.

Во декември, Вилмерс покрена слични тужби против синџирот супермаркети Лидл и швајцарскиот производител на слатки Линдт, кои се уште се во тек.

Линдт се брани со тоа што поимот „Дубаи чоколадо“ се однесува на специфичен тип на производ, а не на чоколадо со потекло од најголемиот град во Обединетите Арапски Емирати.

Чоколадата од Дубаи стана многу популарна благодарение на социјалните мрежи Инстаграм и Тикток, а цената достигна неколку стотици евра. Цената за 100 грама дубајско чоколадо во продажба може да достигне 20 евра.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Нови контроли на цените: Инспекцијата ќе анализира стотици производи од

30/06/2026
Македонија

Министерство за здравство: Сите хируршки сали во Клиничкиот центар работат

30/06/2026
Македонија

Собранието усвои нови правила за електричните тротинети – возење само

30/06/2026
Македонија

Девет лица приведени низ државата поради дрога, наркотични средства пронајдени

30/06/2026
Македонија

Трагедија во Куманово: Загина мотоциклист во судир со автомобил

30/06/2026
Македонија

Ѓорческа поразена на дебито на Вимблдон

30/06/2026
Македонија

Над 220 јавни фонтани повторно во функција низ Скопје поради

30/06/2026
Македонија

ФОТО Голем пожар кај Велес, пожарот се доближува до првите

30/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44054
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Песков: Русија е подготвена да му помогне на Иран на многу начини, сè зависи од

23/06/2025

Русија е подготвена да му помогне на Иран на различни начини поради ескалацијата на Блискиот Исток, а тоа во голема

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy