Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЧИИ АКЦИИ СВРТЕА ПОВЕЌЕ ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА НА ПАЗАРОТ НА КАПИТАЛ – три банки, еден „фармацевт“ и еден „нафташ“ го држат главниот промет на Берзата
Економија

ЧИИ АКЦИИ СВРТЕА ПОВЕЌЕ ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА НА ПАЗАРОТ НА КАПИТАЛ – три банки, еден „фармацевт“ и еден „нафташ“ го држат главниот промет на Берзата

08/02/2024

AA

Три банки, еден
фармацевт и еден нафташ. Тие се топ пет компаниите чии акции доминантно се
тргуваат на Берзата и во кои инвеститорите сакаат да ги вложуваат своите слободни
средства. Така отприлика беше и минатата година, е така е еве и во првиот месец
од годинава, јануари.

Од Македонската
берза го објавија јануарскиот билтен, а тој говори дека убедливо најтргувана
акција во првиот месец од годинава била акцијата на Комерцијална банка. Со оваа
акција бил направен промет од 2,12 милиони евра, а бројот на трансакции е 8.546.

Акцијата на
Комерцијална банка достигна просечна цена од 15.253 денари за акција, а сега
оди уште нагоре, достигнувајќи вредности над 16 илјади денари. Прометот со
акциите на Комерцијална банка учествува со над една третина, односно со 37,2
отсто од вкупниот промет на Берзата.

Уште една банка,
словенечката НЛБ, покажува дека нејзината акција и тоа како е атрактивна за
инвеститорската јавност во земјава.
Со акциите на НЛБ Банка е направен промет
од 1,6 милиони евра во јануари, а бројот на остварени трансакции изнесува
3.220. Цената на акцијата на таа банка изнесувала во просек 30.485 денари за
акција, а сега е веќе околу 33 и пол илјади денари. Со акциите на НЛБ Банка е
направена нешто помалку од една третина од вкупниот берзански промет во
јануари, или 28 проценти.

Фармацевтскиот „бисер“
на земјава „Алкалоид“ , како и секогаш е примамлив за граѓаните и компаниите
кои сакаат сигурно и исплатливо да ги вложат своите пари, па затоа оваа акција
важи за една од најатрактивните.
Затоа и акцијата на „Алкалоид“ е трета
најтргувана акција во јануари годинава, и со овие хартии од вредност е остварен
промет од 882 илјади евра, а направени се 2.938 трансакции. Просечната цена на
„Алкалоид“ изнесувала 18.500 денари по акција, а сега таа е уште повисока и
изнесува околу 19.500 денари. Со акциите на „Алкалоид“ е направен промет од
близу 16 проценти од вкупно направениот берзански обрт во првиот месец од
годинава.

Секогаш
атрактивни за инвеститорите се и акциите на „Макпетрол“, најголемиот нафтен
дистрибутер во земјава
. Со нивните хартии од вредност е направен промет од 439
илјади евра, бројот на трансакции е 418, а просечната цена на
акцијата е 64.690 денари за акција. Во вкупниот промет учествувале со близу 8
проценти.

И, нашата
најстара банка, Стопанска Скопје, покажува дека има сосема солидни акции, со
кои е остварен промет од 171 илјада евра
, што е над 3 проценти учество во
вкупниот. Акцијата на таа банка во јануари во просек била 1.376 денари за
акција.

Следуваат акциите
на УНИБанка, Гранит, Македонија турист, Македонски Телеком и Макстил.

Берзанскиот
билтен покажува и дека во јануари најголем пораст на цената имале акциите на „Раде
Кончар“, и тоа за близу 43 проценти, како и акциите на Адинг, УНИБанка,
Комерцијална банка и Прилепска пиварница, додека пад има кај акциите на Тетекс.

Во јануари
прометот на берзата пораснал за околу 39 отсто во однос на пртетходниот месец.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ НА УКРАИНСКО ТЛО НЕМА ДА ИМА Мисајловски тврди

01/10/2026
Македонија

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево

01/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија

01/10/2026
Македонија

ДАВАЛ ПОТКУП ЗА ЛИЦЕНЦА ИАКО „ПУЛС“ НЕ ГИ ИСПОЛНУВАЛ УСЛОВИТЕ

01/10/2026
Македонија

„ИМЕТО Е СМЕНЕТО, ЗНАМЕТО Е СМЕНЕТО, ХИМНАТА Е СМЕНЕТА…“ Мисајловски

01/10/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ПРЕД НОВ ПРИТВОР, ОТВОРЕНА НОВА ИСТРАГА Обвинителството бара

01/10/2026
Македонија

СО БУГАРИЈА НИ ТРЕБА ЕВРОПСКИ, А НЕ СРЕДНОВЕКОВЕН ДИЈАЛОГ Димитровски

01/10/2026
Македонија

ОД РИМ НАЈАВА ЗА НОВА ЕРА ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Македонија

01/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45928
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ НА УКРАИНСКО ТЛО НЕМА ДА ИМА Мисајловски тврди дека Македонија нема да испрати

01/10/2026

Македонија нема да испраќа свои војници во Украина, порача министерот за одбрана Владо Мисајловски, нагласувајќи дека државата никогаш не презела

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево време низ Македонија

01/10/2026

Метеоролозите најавуваат ведро и студено утро, по што во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија од приемот кај Трамп

01/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски објави фотографија од приемот кај американскиот претседател Доналд Трамп, на кој присуствувал за време на престојот во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy