Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Четворица потешко и тројца полесно повредени во две одделни сообраќајни несреќи во Кичевско
Магазин

Четворица потешко и тројца полесно повредени во две одделни сообраќајни несреќи во Кичевско

02/02/2025

AA

вајца возачи и двајца сопатници се потешко повредени во две одделени сообраќајни несреќи што утрово и вчеравечер се случиле во регионот на Кичево, а еден возач и двајца сопатници се полесно повредени.

Како што информира МВР, денеска во 5:50 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод патничко возило „фиат пунто“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Л.(28) од Кичево, излетало надвор од коловозот. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и сопатничката М.С.(19), а со телесни повреди се здобил уште еден сопатник З.Р.(30), двајцата од Кичево, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. 

Вчера, пак, околу 21:30 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар после раскрсницата за село Осломеј се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(38) од село Свиништа и патничко возило „пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(35) од село Зајас. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот А.Н. и неговата сопатничка Д.Р.Т.(65), констатирани во Медицинскиот центар Кичево, додека вториот сопатник во возилото, С.Т.(65) од Охрид, се здобил со телесни повреди. Кај Е.А., која го управувала возилото „пасат“, во болницата во Кичево биле констатирани телесни повреди. 

За двете сообраќајни несреќи увид извршила увидна екипа од ОВР Кичево.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Невреме со пороен дожд, силен ветер и град – УХМР

02/09/2026
Македонија

14-годишник возел мопед во спротивна насока и побегнал од полицијата

02/09/2026
Македонија

Авионско прскање против ларви од комарци во Скопје во сабота

02/09/2026
Македонија

Австралија со предупредување за патување во Македонија поради Западнонилската треска

02/09/2026
Македонија

Запленети 4.000 метри мрежи и 117 килограми риба од Охридското

02/09/2026
Македонија

Поскапеа меѓуградските автобуски билети

02/09/2026
Македонија

ВИДЕО Хозе Карерас ја пееше „Едно име имаме“ со македонските

01/09/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ ШТИПСКО СЕЛЦЕ ПОД КОНТРОЛА: Ветерот ги загрози викендиците,

01/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45391
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Невреме со пороен дожд, силен ветер и град – УХМР со предупредување

02/09/2026

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Наместа процесите

14-годишник возел мопед во спротивна насока и побегнал од полицијата во Велес

02/09/2026

Четиринаесетгодишен малолетник од Велес бил пронајден и лишен од слобода откако управувал мопед во спротивна насока и побегнал од полициските

Авионско прскање против ларви од комарци во Скопје во сабота

02/09/2026

Жителите на Скопје во сабота, 5 септември, треба да очекуваат авионска дезинсекција против ларви од комарци, информираат од Град Скопје.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy