
Челси пред три години одби 70 милиони фунти, сега го продава за десет пати помалку!
Калум Хадсон Одои важеше за еден од најперспективните играчи на Челси, во 2020 година Баерн Минхен беше подготвен да одвои 70 милиони фунти за негов ангажман.
„Сините“ тогаш не сакаа да слушнат за продажба и го наградија офанзивниот фудбалер со богат договор, но потегот се покажа како голема утка, Англичанецот никогаш не се наметна во првиот тим, сега е пред заминување и тоа за скромна сума.
Фулам веќе се договори со Калум Хадсон Одои и сега води преговори со Челси за висината на трансферот.
Првата понуда на клубот од Кревин Котиџ е 4 милиони фунти, додека пак „сините“ бараат околу 8 милиони фунти за разделба со 22 годишниот Англичанец.
