Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА СЕ СТАБИЛИЗИРАА: Се следи состојбата во Црвеното Море
Економија

ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА СЕ СТАБИЛИЗИРАА: Се следи состојбата во Црвеното Море

28/12/2023

AA

Цените на нафтата денеска се стабилизираа на меѓународните пазари над нивото од 80 долари, додека трговците се обидуваат да го проценат ризикот од нови напади во Црвеното Море по најавата за зголемени меѓународни патроли во регионот. 

На лондонскиот пазар цената на барелот беше пониска за 54 центи во однос на затворањето на тргувањето вчера и изнесуваше 80,53 долари. 

На американскиот пазар барелот денеска се тргуваше по пониска цена за 65 центи, од 74,92 долари. 

Трговците во вторникот беа потресени од новите напади на јеменските Хути врз бродови во Црвеното Море кои би можеле да ги загрозат испораките на нафта од Блискиот Исток и важна рута за глобалната трговија.

Трговците се уште се во состојба на готовност

Хутите објавија дека напаѓаат бродови поврзани со Израел и бараат прекин на израелските воени операции во Појасот Газа. Началникот на израелскиот генералштаб Херзи Халеви во вторникот изјави дека војната во Газа ќе трае со „месеци“.

Во меѓувреме, САД најавија меѓународна воена поморска операција која треба да ја заштити пловидбата низ Црвеното Море, а данската бродска компанија „Маерск“ денеска сигнализираше дека би можела да го продолжи транспортот низ регионот.

Трговците се уште се во состојба на готовност. „Останува да се види дали нападите навистина ќе се намалат благодарение на зголемените поморски патроли и пренасочувањето на бродовите“, рече Калум Макферсон од Investec.

Пазарот будно ќе ги следи и американските акции

Пазарот будно ќе ги следи и американските акции. Поради божиќниот празник, API и владата ќе ги објават податоците еден ден подоцна. Аналитичарите шпекулираат дека залихите на нафта паднале за 2,6 милиони барели минатата недела, додека залихите на дестилати и бензин веројатно се зголемиле.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) поради празникот не објави податоци за цената на барел од нафтената кошничка на нејзините членки. Минатиот четврток изнесуваше 80,84 долари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ

09/11/2026
Македонија

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои

09/11/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три

09/11/2026
Македонија

ОПШТИНАТА НЕ Е СПОСОБНА ДА СЕ СПРАВИ СО КРАВИТЕ, ПА

09/11/2026
Македонија

ГИ ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ПОБЕДИ Мицкоски на прослава на

09/11/2026
Македонија

ДО ВИКЕНД ТОПЛО И ДОЖДЛИВО, СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 20 СТЕПЕНИ

09/11/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со

09/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46685
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ РЕДОВНИ ИЗБОРИ Гаши уверен дека

09/11/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека партиите треба да седнат на разговор за измените на Законот за јавните набавки,

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои работи отидоа предалеку

09/11/2026

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека Европската Унија сторила неправда кон Македонија со тоа што по потпишувањето на Преспанскиот

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три куќи, гаснеле 22 пожарникари

09/11/2026

Пожарот што избувна попладнево кај Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола. Во интервенцијата учествуваа 9 противпожарни возила и 22

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy