Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ЦЕНИТЕ ЌЕ СЕ НАМАЛАТ ЗАШТО ЌЕ НЕМА 35 ДО 40 ПРОЦЕНТИ РАБАТ“: Ристески тврди дека ќе има поевтинување
Економија

„ЦЕНИТЕ ЌЕ СЕ НАМАЛАТ ЗАШТО ЌЕ НЕМА 35 ДО 40 ПРОЦЕНТИ РАБАТ“: Ристески тврди дека ќе има поевтинување

07/09/2024

AA

Досега се утврдени 26 случаи на нефер трговски практики во договори меѓу производителите, добавувачите и трговците поради големите проценти на рабат и до 40 oтсто, кои влијаат на крајната цена на производот, а тоа го плаќаат граѓаните, изјави заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Новиот закон за нефер трговски практики, според европска директива, и прв што ќе се применува во земјите од југоисточна Европа, треба да стапи на сила од 28 овој месец. Министерството за економија и труд законот го објаснува меѓу стопанствениците. Во пресрет на Законот, се подготвуваат новите договори меѓу производителите, добавувачите и трговците кои се по препорака на Европа. Утврдените 26 договори со нефер трговски практики ќе бидат исклучени.

-Тие утврдени 26 договори со нефер трговски практики ќе бидат исклучени. Голем дел од договорите и членовите во договорите ќе бидат по препорака на Европа. Новите договори треба да бидат готови до 28 септември и потоа, во октомври и во ноември очекуваме да имаме резултат кај цените на производите, бидејќи, нас, како Влада и како министерство за економија, секогаш таргет и приоритет ни се граѓаните, изјави Ристески.

Се очекува и намалување на цените зашто ќе ги нема тие 35 до 40 проценти рабат, а со Законот на годишно ниво ќе биде сведено на 10 проценти.

– Во досегашните договори меѓу производителите, добавувачите и трговците, има екстремно високи проценти на договарање и рабат – дури и до 35 и 40 насто и сето тоа крајно ги оптоварува производот и крајниот потрошувач, граѓаните. На ваков начин од дел трговци, производителите, некако се и уценувани. А поради тоа производителите мораа да ги зголемат цените за да имаат исплатливост, вели Ристески.

Според одредбите од новиот закон за нефер трговски практики, може во одредени периоди во годината да има поголем рабат од 10 проценти, поради акции, но тој процент нема да се надминува на годишно ниво.

– Овој закон мислам дека ќе биде од голема важност и е прв закон во југоисточна Европа, со кој ќе бидат регулирани овие односи и мислиме дека крајниот ефект на реализацијата и имплементацијата ќе се одрази и на цената на производите, а најголем бенефит, секако, ќе имаат и крајните потрошувачи. Листата на земјоделски, прехранбени производи е составена од околу 2 540 производи. Овој закон е донесен во консултација со работодавците, со стопанските комори, со Здружението за земјоделски и прехранбени производи и, секако, во консултација со другите релевантни министерства, објаснува за МИА заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Стопанската комора на Македонија го коригираше првичниот став дека не е прифатлив законот и со втор допис до Владата од 3 овој месец, дообјаснува дека неприфаќањето не е став на сите членки, туку дека, особено производителите, го прифаќаат.

Ваков допис очекуваат и во Министерството за економија и труд.

Инаку, на неодамнешната средба  со стопанствениците од прилепската регионална комора, во суштина Законот е прифатлив за нив и очекувата како ќе се имплементира и како ќе се врши надзорот.

-Очекуваме од Комисијата за заштита на конкуренцијата, како надзорен орган да изготви мислења и насоки до почетокот на имплементацијата на Законот, за да можат и компаниите добавувачи и купувачите да бидат на јасно што ќе се случува со овој закон, имајќи предвид дека глобите за неспроведување се доста високи, вели Никола Мариноски, претседател на Регионалната стопанска комора од Прилеп. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и

28/09/2026
Македонија

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема

28/09/2026
Македонија

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели

28/09/2026
Македонија

ШЕСТ ЛИЦА УАПСЕНИ ПОД СОМНЕНИЕ ЗА ТЕРОРИЗАМ Неофицијално пронајдени снајперски

28/09/2026
Македонија

САКАМЕ РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА, НО МОРА ДА ИМА ПРЕДВИДЛИВОСТ Муцунски

28/09/2026
Македонија

📽️ ГЛИНЕНИ ГУЛАБИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА СРПСКОТО ПОДЗЕМЈЕ Најмалку 16

28/09/2026
Македонија

СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПРИЗНА ДВЕ УБИСТВА, ЗА ДВЕ

28/09/2026
Македонија

ИЗЛЕТАЛ СО КАМИОН ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ Тешка сообраќајна несреќа

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45856
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и водоснабдување до дигитални услуги

28/09/2026

На вечерашниот митинг во Општина Брвеница, во рамките на предвремените локални избори, под слоганот „Една Брвеница за сите! Да ја

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема температурна разлика низ земјава

28/09/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува во поголемиот дел од земјава, а во југоисточните делови ќе има услови

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели дека тие се само за

28/09/2026

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва на митингот на партијата во Брвеница ја обвини СДСМ дека се противи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy