Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?
Економија

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

05/10/2024

AA

Стравувањата од
потенцијалното ширење на војната на Блискиот Исток беа дополнително
поттикнати од изјавата на американскиот претседател Џозеф Бајден дека
американските власти разговараат дали да го поддржат израелскиот напад врз
иранските нафтени постројки.

Ова предизвика цената на нафтата да продолжи со растот во
петокот до 78,80 долари за барел, што бележи неделен скок од речиси 10 отсто.
Иако ова е под нивото што „црното злато“ го достигна на почетокот на годинава,
сегашната ситуација ја зголемува можноста за повторување на спиралата на раст
на цените на енергијата и бранот на инфлација што го доживеавме во екот на
украинската криза во 2022 година.

Меѓународниот монетарен фонд вели дека ескалацијата на
конфликтот на Блискиот Исток може да има значителни економски последици за
регионалната и глобалната економија. Во ММФ сметаат дека е рано да се
предвидуваат конкретни влијанија врз економијата, но укажуваат дека главниот
начин на кој војната во овој регион би можела да се одрази во зголемувањето на
цените на стоките, вклучително и нафтата и житариците, како и преку зголемувањето на трошоците
за транспорт, бидејќи бродовите избегнуваат да пловат низ Црвеното Море.

И меѓународните и домашните експерти сметаат дека сегашните
ефекти од блискоисточниот конфликт не претставуваат закана, а проценките за
потенцијалното ширење на војната и степенот на нејзиното влијание врз растот на
цените на енергијата и светската економија се различни. Така, прогнозите на
западните аналитичари во случај на ескалација на конфликтот се движат од
можноста барел нафта да достигне од 100 до дури 200 долари.

Доколку Израел ги уништи иранските нафтени постројки, ОПЕК
може да го компензира нивното производство. Голем скок на цените може да се
случи само во случај на дестабилизација на Ирак како резултат на конфликтот
меѓу Тел Авив и Техеран.

Тоа
претставува најголем ризик за пазарот на сурова нафта, бидејќи Багдад продава
големи количини од овој енергетски производ на меѓународно ниво. Во Ирак,
додава тој, живеат и шиити и сунити и има исламистичко расположение против
Израел, а Американците се повлекуваат од таа земја, додека Иран има големо
влијание врз неа.

Како што пишува Ројтерс, Европа би била изложена на
поскапување на нафтата, бидејќи за разлика од САД, нема големо домашно
производство на оваа енергија. Но, банкарите и експертите оценуваат дека и во
тој случај би било неопходно трајно зголемување на цените на овој енергетски
производ за 10 отсто, за инфлацијата да се зголеми за само 0,1 процентен поен.
Економското влијание на сеопфатна војна што би довело до пошироки напади врз
енергетската инфраструктура низ Блискиот Исток, како и дополнителни прекини на
трговските патишта низ Црвеното Море, би биле поопипливи. „Оксфорд економикс“
прогнозира дека ваквото сценарио ќе ја зголеми цената на нафтата на 130 долари
и растот на глобалната економија
следната година за 0,4 процентни поени, што ММФ во моментов го проценува на
околу 3,3 отсто.

фото: EPA-EFE/YAHYA ARHAB

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН

25/09/2026
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
Македонија

📽️ ПРАЗЕН АВТОБУС ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ ТЕТОВСКО СТЕНЧЕ Полицијата

25/09/2026
Македонија

„СВ. ЕРАЗМО“ ДО НОВА ГОДИНА СО ЧЕТИРИ ОПЕРАЦИОНИ САЛИ Инвестицијата

25/09/2026
Македонија

ПРВАЧЕ НАПАДНАТО ВО УЧИЛИШНА СОБЛЕКУВАЛНА Поголеми малолетници го соблекле и

25/09/2026
Македонија

ПРИВЕДЕНА ИНСПЕКТОРКА ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА Барала пари за да

25/09/2026
Македонија

БРИСЕЛ И ЗАПАДЕН БАЛКАН НА ПРЕСВРТНИЦА Новиот план на Фон

25/09/2026
Македонија

ГРАНКА УСМРТИ 77-ГОДИШЕН РАДОВИШАНЕЦ Загинал додека со 73-годишник биле на

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45804
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН НА РЕЗУЛТАТИ Препораки од Мешовитиот

25/09/2026

Европската Унија ја потврдува поддршката за патот на Северна Македонија кон полноправно членство, но истовремено бара видлив напредок во владеењето

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ ДВАЈЦА Полицијата во Свети Николе

25/09/2026

Расправија за паркинг во Свети Николе завршила со автомобил насочен кон двајца мажи и метална порта урната врз нив. Полицијата

📽️ ПРАЗЕН АВТОБУС ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ ТЕТОВСКО СТЕНЧЕ Полицијата го бара возачот, незгодата не

25/09/2026

Празен автобус околу 13:30 часот излетал од патот во близина на тетовското село Стенче, но кога полицијата дознала за незгодата,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy