Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АПОКАЛИПСА, ПОВЕЌЕ ОД 20 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО БИХ: Деканот на ПМФ ја открива вистинската причина за катастрофата во Јабланица
Регион

АПОКАЛИПСА, ПОВЕЌЕ ОД 20 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО БИХ: Деканот на ПМФ ја открива вистинската причина за катастрофата во Јабланица

05/10/2024

AA

Најмалку 21 лице загина во катастрофалните поплави што ја погодија Босна и Херцеговина. Само на
подрачјето на Јабланица во поплавите и свлечиштата што синоќа ја погодија БиХ
загинаа 17 лица. Се стравува дека бројот на жртвите може да биде значително
поголем, бидејќи стотици луѓе се сметаат за исчезнати.

Урнати се голем број куќи, се урнаа патишта, мостови, па
дури и железничка пруга. Се бара сместување за голем број луѓе кои останале без
покрив над главата.

„Досега е утврдено дека загинале 16 лица“, соопшти
Министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретванската жупанија,
мислејќи на жртвите чии тела се пронајдени во Јабланица. Јабланица беше
најтешко погодената општина во синоќешните поплави. Според пишувањата на
медиумите, во населбата Доња Јабланица се бараат десетици луѓе, па се стравува
дека црниот биланс од поплавите е многу поголем.

Поплавени се и подрачјата Кисељак, Крешево, Вареш…

Деканот на сараевскиот ПМФ ја открива причината за природната
катастрофа

Професорот и декан на Природно-математичкиот факултет во
Сараево, Нусрет Дрешковиќ, за Klix.ba зборуваше за причините за катастрофалните
поплави во БиХ, нагласувајќи дека последиците се комбинација на природни и
човечки фактори. Климатските промени директно влијаат на Босна и Херцеговина,
што е потврдено во националните извештаи, а временските услови стануваат
поекстремни, тврди тој.

Дрешковиќ предупредува на зголемена нестабилност во режимот
на врнежи, со очекување на уште понегативни промени во текот на ноември и
декември. Тој посочува дека зголемувањето на зимските температури предизвикува
брзо топење на врнежите, создавајќи поројни поплави поради комбинација на
топење на снег и циклонски врнежи.

Тој го критикуваше недостатокот на урбанистичко планирање
што може да ги ублажи последиците од природните катастрофи. Смета дека политичарите ги игнорираат
климатските промени и не се консултираат со научниците за мерките за намалување
на ризикот од природни катастрофи.

Тој особено ја нагласува важноста на шумите во регулирањето
на поројните текови и ублажувањето на последиците од сушите и апелира да се
управува со шумите со фокус на нивната еколошка функција, а не само на дрвната
маса.

фото: EPA-EFE/NIDAL SALJIC

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БРИСЕЛ И ЗАПАДЕН БАЛКАН НА ПРЕСВРТНИЦА Новиот план на Фон

25/09/2026
Македонија

ГРАНКА УСМРТИ 77-ГОДИШЕН РАДОВИШАНЕЦ Загинал додека со 73-годишник биле на

25/09/2026
Македонија

Венко Филипче може да биде само чувар на јахтата во

25/09/2026
Македонија

ПАРТИЈАТА НА ФИЛИПЧЕ Е ВО ИЗУМИРАЊЕ Се противат на рудници,

25/09/2026
Македонија

68-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ПО ПОЖАРОТ ВО РАДОВИШКО Полицијата вели дека го

25/09/2026
Македонија

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СРЕДНИОТ КОРИДОР Е УШТЕ

25/09/2026
Македонија

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СПОРО СЕ ГРАДИ Вигенин

25/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е МЕЃУ НАЈУБАВИТЕ ЗЕМЈИ ШТО СУМ ГИ ВИДЕЛ, РЕКЛАМИРАЈТЕ

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45798
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БРИСЕЛ И ЗАПАДЕН БАЛКАН НА ПРЕСВРТНИЦА Новиот план на Фон дер Лајен ќе направи револуција

25/09/2026

Европската Унија се подготвува за досега најрадикалната реформа на својата политика за проширување, со цел да го откочи процесот за

ГРАНКА УСМРТИ 77-ГОДИШЕН РАДОВИШАНЕЦ Загинал додека со 73-годишник биле на нива кај Ораовица

25/09/2026

77-годишен жител на Радовиш починал на нива во атарот на радовишкото село Ораовица, откако врз него паднала гранка од топола

Венко Филипче може да биде само чувар на јахтата во зимскиот период

25/09/2026

Крајно време е Венко Филипче да си замине од СДСМ. Она што луѓето од Платформата 12.05 одлучно и јавно му

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy