Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЦЕЛОСНО ПРЕФРЛАЊЕ НА ПРОИЗВОДСТВОТО НА „ВАН ХОЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА – еве што вели сопственикот на „Актива“, Николов
Економија

ЦЕЛОСНО ПРЕФРЛАЊЕ НА ПРОИЗВОДСТВОТО НА „ВАН ХОЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА – еве што вели сопственикот на „Актива“, Николов

08/04/2024

AA

Сопственикот на копанијата „Актива“ Иле Николов денеска информира дека компанијата се подготвува за целосното префрлање на производството на компанија „Ван Хол“ од Белгија во Северна Македонија.

Сопственикот на „Актива“ во Штип која е партнер со белгиската компанија „Ван Хол“ рече дека веќе две години се заговарало за постепено префрлање на целосното производството

– Ние за таа работа веќе се спремивме „Актива“ минатата година имаше дополнителни инвестиции во делот на машинскиот парк и веќе е зголемен товарот на произвоство и немаме од наша страна закаснување за нивните потреби, потребите за зголемување на прооизводството ќе бидат следени и како ќе бидат доставувани барањата од нивна страна ние ќе го следиме тоа. Веќе сме во фаза на изградба на уште еден производен погон од 8 илјади квадрати кој ќе биде исто така во функција на зголемување на капацитетите на нашите компании. Така да, ние во целост сме спремни за таа работа, посочи Николов.

Во однос на девизниот прилив за „Актива“ од соработката со белгиската компанија за минатата година рече дека изнесува околу 15 милиони евра и дека следната година очекува доста поголем прилив.

– За оваа година очекуваме доста поголем прилив, се зависи од нарачките, сега за сега имаме на месечно ниво околу милион ипол евра до два милион евра, значи очекуваме некаде 20 до 25 милиона евра, појасни Николов.

Додаде дека во моментот 200 луѓе работат за потребите на белгиската компанија и дека најверојатно ќе има зголемување на бројот.

-Ние сега веќе 200 луѓе кои работат за потребите на Ван Хол и најверојатно ќе имаме зголемување и на бројот на вработените, но пак ќе повторам ние доста сме машински опремени, а машинското производсттво е потребно за нивните потреби, исто така имаме оддел за роботско заварување каде до пред две години имавме само два роботи за заварување сега имаме 12 од кои веќе се две сериозни роботски линии каде што претежно таму ги инсталираме елементите потребни на „Ван Хол“, истакна тој.

Николов, исто така не ја исклучи можноста за автобусите од „Актива“ во иднина да превезуваат војници на НАТО.

Фактор пред една недела објави дека има големи промени во компанијата. 

Извори од компанијата за Фактор велат дека таму се подготвува промена на сопственоста на фирмата мајка, и дека можни купувачи се или холандската компанија VDL за производство на автобуси, или, пак белгиска компанија Dumarey Group.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВО НЕДЕЛА СЕ ВРАЌАМЕ НА ЗИМСКОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО Македонија

21/10/2026
Македонија

8 НОВИ СЛУЧАИ НА ХИВ/СИДА ВО СЕПТЕМВРИ Меѓу заразените е

21/10/2026
Македонија

СЛУЧАЈОТ СО ИВА МИХАИЛОВА Е БУГАРСКИ ПРЕДИЗБОРЕН ФОЛКЛОР Мицкоски вели

20/10/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА Е ПРАВЕН, А НЕ ЗДРАВСТВЕН ПРОБЛЕМ Клековски во

20/10/2026
world

Скандал што ја потресе Саудиска Арабија: Егзекутирани двајца државјани на

20/10/2026
Македонија

РАКОВОДСТВОТО НА СДСМ СЀ ПОВЕЌЕ НАЛИКУВА НА СЕКТА „Разговори во

20/10/2026
Македонија

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЈАНИ МАКРАДУЛИ ЗА ШТЕТА ОД РЕЧИСИ 178.800

20/10/2026
Македонија

ВОЈНИЦИТЕ И ПО 45. ГОДИНА ЌЕ МОЖАТ ДА ОСТАНАТ ВО

20/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46290
  • Регион 3997
  • Свет 15
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВО НЕДЕЛА СЕ ВРАЌАМЕ НА ЗИМСКОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО Македонија ќе го укине кога и

21/10/2026

Во ноќта меѓу сабота и недела, на 25 октомври, почнува зимското сметање на времето. Во 3 часот по полноќ часовниците

8 НОВИ СЛУЧАИ НА ХИВ/СИДА ВО СЕПТЕМВРИ Меѓу заразените е и еден тинејџер

21/10/2026

Во Македонија во текот на септември се регистрирани 8 нови случаи на ХИВ/СИДА, сите кај лица од машки пол. Пријавени

СЛУЧАЈОТ СО ИВА МИХАИЛОВА Е БУГАРСКИ ПРЕДИЗБОРЕН ФОЛКЛОР Мицкоски вели дека не заслужува натамошно внимание

20/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски не сака да им се посветува внимание на реакциите од бугарска страна поврзани со Ива Михаилова, девојката

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy