Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бундестагот даде „зелено светло“ за новиот закон: Олеснет влез за работници од Западен Балкан
Македонија

Бундестагот даде „зелено светло“ за новиот закон: Олеснет влез за работници од Западен Балкан

23/06/2023

AA

Германскиот парламент Бундестаг гласаше за реформирање на законот за имиграција на квалификувана работна сила и одобри продолжување на т.н. правила за Западен Балкан кои ја олеснуваат имиграцијата на работници од овој дел на Европа.

„Со овој закон, Германија го добива најсовремениот закон за имиграција во светот“, рече министерката за внатрешни работи Ненси Фезер (Социјалдемократската партија на Германија СПД) во дебатата пред гласањето. Таа рече дека сега најважен чекор е отстранувањето на бирократските пречки кои ја спречуваат имиграцијата.

Министерот за труд Хубертус Хеил (СПД) рече дека новиот закон е потребен за да се овозможи имиграција на широк опсег на квалификувани работници во економијата „а не само на академски образованите“ како што е случајот сега.

Најголемата опозициска група во Бундестагот, Христијанско-демократската унија ЦДУ/ЦСУ го критикуваше новиот закон за намалување на нивото на условите што во иднина треба да ги исполнуваат работниците кои доаѓаат надвор од земјите на ЕУ пред имиграцијата.

„Наместо да го отвори патот за експертите, федералната влада сега ги намали барањата за квалификации и јазични вештини. Ова не е вистинскиот начин“, рече потпретседателката на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ, Андреа Линдхолц.

Десничарската популистичка Алтернатива за Германија (AfD) смета дека на Германија не и треба повеќе имиграција.

„Не се многу малку луѓе кои доаѓаат во Германија, туку премногу луѓе кои не сакаат да се интегрираат“, рече пратеникот на АфД, Норберт Клајнвахтер.

Бундестагот го донесе законот со гласовите на претставниците на владејачката социјалдемократска-зелено-либерална влада. Претставниците на Унијата ЦДУ/ЦСУ и АфД гласаа против законот, додека претставниците на партијата Левица беа воздржани од гласање.

Новиот закон, направен според моделот на имиграциските земји, како што се Канада и Австралија, предвидува воведување систем на бодување кој ќе ги оценува аспектите како што се квалификациите, познавањето на германскиот јазик, возраста и работното искуство.

Новиот закон ќе им овозможи и на квалификуваните лица кои поднеле барање за азил во Германија полесно да се приклучат на германскиот пазар на труд.

Истовремено, зголемена е квотата за работниците кои доаѓаат во Германија како дел од т.н правила за вработување работници од Западен Балкан. Ова правило, кое беше воведено уште во 2016 година, овозможува доаѓање на работници од шест земји во овој регион врз основа на договор за вработување со германски работодавач, а не по квалификации. Сега квотата за овие работници е зголемена на 50.000 годишно.

Реформата на законот за имиграција на квалификувани работници е дел од сеопфатната реформа на законот за странци, кој меѓу другото го вклучува и законот за полесно стекнување државјанство.По доаѓањето на власт, владата на канцеларот Олаф Шолц најави модернизација на голем број закони кои се однесуваат на имиграцијата и странците кои живеат во Германија.

И покрај значителниот број имигранти од земјите на Европската унија и над два милиони бегалци кои дојдоа во земјата за време на војната во Сирија и Украина, на Германија и требаат стотици илјади квалификувани работници на долг рок.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

5 лица во бегство по аферата во ФФМ, тројца завршија

19/06/2026
Македонија

Десет пријави за семејно насилство за едно деноноќие, шест лица

19/06/2026
Македонија

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов

19/06/2026
Македонија

Македонец се заразил со зика вирус на Малдиви

19/06/2026
Македонија

ВИДЕО Пожар на дива депонија во Долно Лисиче, пожарникарите на

19/06/2026
Македонија

Обвинителството бара 30 дена притвор за осомничениот за пожарот пред

19/06/2026
Македонија

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба против две службенички

19/06/2026
Македонија

ОЈО поднесе обвинение против серискиот убиец од Старо Нагоричане

19/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43835
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy