Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бугарите изненадени од изјавите на Дачиќ, бараат заштита за нивното малцинство во Србија
Регион

Бугарите изненадени од изјавите на Дачиќ, бараат заштита за нивното малцинство во Србија

04/08/2023

AA

Софија се лути на српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ затоа што не им го признава малцинството. 

Софија ги нарече изненадувачки и крајно несоодветни „изјавите со кои, заради остварување на домашни политички цели,  се фрла сомнеж на постоењето на Бугари во Србија и на потребата да се заштитат нивните права“. Според нив, имало 120.000 Бугари кои се сведени на 20.000. 

„Ова го навредува достоинството на нашите сонародници во соседната држава и никако не  придонесува за развој на добрососедските односи со Бугарија“, порача бугарското Министерство за надворешни работи. 

Велат дека „разликата меѓу уставниот систем на Србија и другите земји, вклучително и Бугарија, не можат да се користат како аргумент за можно одбивање на српската држава да ја исполни својата заложба за гарантирање на правата и слободите на претставниците на националните малцинства, вклучително и на Бугарите“.

„Бугарија не ги признава националните малцинства, но наспроти тоа, многу протестира за лоша состојба на Бугарите во Србија. Е, ова е веќе навистина… Но, кога ние им кажуваме, а што со Србите во Бугарија, тогаш тие одговараат: во Бугарија нема Срби. Тоа  значи ако и ние кажеме дека нема Бугари во Србија, тогаш нема да има проблеми ни со бугарското национално малцинство“, изјави деновиве Дачиќ. 

БГНЕС пишува и дека во јануари 2020 година, коментирајќи ги односите со Црна Гора, Дачиќ прашал за какви внатрешни работи денес се зборува во Европската Унија, кога во Србија има  Бугари кои се само 0,26 отсто од нивното население, но Бугарија на секој состанок на Европскиот совет го поставува прашањето за правата на бугарското национално малцинство. Инаку, Бугарија бара права за бугарското малцинство во Македонија, но не признава македонско малцинство. Дури европратеникот Ангел Џамбаски имаше снимено видео пред споменикот на Скендербег во Приштина и кажа дека таму имало многу Бугари. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
Македонија

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026
Македонија

Мери Дика Георгиевска избрана за нов уставен судија

29/07/2026
Македонија

Мицкоски: Обвинителството веднаш да влезе во ИЈЗ и АХВ, имало

29/07/2026
Македонија

Нови три случаи на западнонилска треска во Македонија, двајца пациенти

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44750
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026

Љубителите на астрономијата и ноќната фотографија синоќа имаа прилика да уживаат во прекрасна глетка на небото, каде што полната Месечина

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани на средба со Лукровски

29/07/2026

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, во рамки на активностите насочени кон унапредување на директната и непосредна комуникација со

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026

Денеска (29.07.2026), во периодот од 07.00 до 12.00 часот, спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy