Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БУГАРИЈА ПАК НЕ ГО СПОМЕНА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Во реакцијата на изјавата на Мицкоски употреби „достапен“ јазик
Македонија

БУГАРИЈА ПАК НЕ ГО СПОМЕНА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Во реакцијата на изјавата на Мицкоски употреби „достапен“ јазик

05/01/2026

AA

Официјална Софија преку соопштение објавено на интернет страницата на бугарското Министерство за надворешни реагираше на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски во која тој  рече дека на Бугарија ѝ пречело тоа што на македонски јазик е напишан Акцискиот план за малцинства, испратен од Македонија до Софија.

Бугарија изразува загриженост поради отстапувањата на Скопје од Европскиот консензус од 2022 година.

„Република Бугарија со загриженост ги забележува последователните тези на властите во Скопје, кои остро се разминуваат со есенцијата на Европскиот консензус од 2022 година“ , се наведува во соопштението.

Во него бугарската страна не со  споменува македонскиот јазик, туку наведува „достапен јазик“ за граѓаните на С Македонија.

„Прашањето на кој јазик треба да биде Планот за правата на заедниците што се очекува од С Македонија е внатрешно прашање на земјата и не е тема на билатералните односи. Документот ќе го спроведуваат токму нејзините институции кон сопствените граѓани и логично е дека треба да биде на јазик достапен за нив“, се вели во соопштението.

Бугарија исто така наведува дека Планот за правата на заедниците бил претставен на англиски јазик.

„Изборот на Скопјe да им го претстави нацртот на овој план на своите граѓани на англиски јазик е тешко да се објасни, особено ако Планот е планирано реално да се спроведе“, се наведува во соопштението.

Во него се додава и дека Планот за правата на заедниците е чекор што треба да следи по внесувањето на Бугарите во Уставот во земјава, што сè уште не е направено, а „ќе ѝ овозможи на С Македонија да ги отвори преговорите за пристапување“.

Бугарското МНР, како што се додава, во исто време ги поздравува зборовите на македонскиот премиер Христијан Мицкоски дека „во Планот ќе бидат внесени сите други забелешки“ на бугарската заедница и оти сметаат дека тој ќе си го одржи ова ветување кон нив.

Реакцијата на бугарското МНР доаѓа по изјавите на македонскиот премиер Христијан Мицкоски, дадени викендов, во кои тој наведе дека Акцискиот план бил завршен уште пред неколку месеци, со вклученост на европски експерт, но оти Софија го одбила, покажувајќи на тој начин дека проблемите што Бугарија ги има со нашата земја се подлабоки и немаат врска со исполнувањето на Копенхашките критериуми за членство во Европската Унија.

Мицкоски рече дека Бугарија е единствената земја членка на ЕУ што има забелешки на документот, а тие се однесуваат на тоа што Планот е напишан на македонски јазик.

Притоа тој рече дека жали што Бугарија уште еднаш ја испуштила шансата да биде добра сосетка.

Мицкоски додаде и дека за однесувањето на Софија ги предупредил и партнерите во Брисел, на кои, според него, им било кажано дека земјава и да го направи најдобриот акциски план, тој би бил одбиен од Бугарија.

Според премиерот, од Брисел било сугерирано Планот да биде направен со вклучување на најдобрите експерти од Советот на Европа и да се постапи онака како што тие сугерираат, а прашањето како тоа потоа би се решило со Бугарија да ѝ го остават на ЕУ.

-Препорачано беше да се усвои и на Влада и од страна на парламентот, како и за него да има јавна дебата. Ние така направивме, во изготвувањето на овој Акциски план учествуваше врвен и признат експерт, Италијанка. Како што беше побарано, така направивме и за неговата содржина. Го дадовме однапред. Е, сега им пречело што е на македонски јазик. Во меѓународна употреба, согласно Уставот, официјален јазик е македонскиот јазик. Јас не не можам како претседател на влада да го кршиме Уставот – рече Мицкоски.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГРУБИ ЗАКАНИ ЗА ПОДДРЖУВАЧИТЕ НА РУДАРСТВОТО Најавен протест или линч

22/09/2026
Македонија

📷 НАД 100.000 ЕВРА И ЛЕКОВИ ЗАПЛЕНЕТИ ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА

22/09/2026
Македонија

📽️ ОТИШЛА НА НОЌНО КАПЕЊЕ ВО МАРМАРАС, ИМАЛА ЧУДНА СРЕДБА Мислела

22/09/2026
Македонија

ПРОНАЈДЕНА МРТВА ПО ГАСЕЊЕ НА ПОЖАРОТ Женско тело најдено во

22/09/2026
Македонија

МИСТЕРИЈА СО ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПАЦИЕНТ Болницата пријавила пад од кревет,

22/09/2026
Македонија

ДОБРЕ ДОЈДЕ ЕСЕН Златната сезона почнува ноќеска во 2:05 часот

22/09/2026
Македонија

🎥📷 МИЦКОСКИ ОБЈАВИ ВИДЕО ОД СРЕДБИТЕ ВО ЊУЈОРК Нови можности

22/09/2026
Македонија

29-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ВЕДНАШ ПО СЛЕТУВАЊЕТО Гостиварец треба да одлежи две

22/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45729
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГРУБИ ЗАКАНИ ЗА ПОДДРЖУВАЧИТЕ НА РУДАРСТВОТО Најавен протест или линч во Струмица?

22/09/2026

За четврток (24.09.2026) во 12 часот во Салата за состаноци на Советот на Општина Струмица е најавена јавна расправа за

📷 НАД 100.000 ЕВРА И ЛЕКОВИ ЗАПЛЕНЕТИ ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА Криминална група криумчарела цигари, тутун

22/09/2026

Криминална група која, според истрагата, се занимавала со криумчарење акцизна стока, нелегално внесување лекови и суплементи и коруптивни кривични дела

📽️ ОТИШЛА НА НОЌНО КАПЕЊЕ ВО МАРМАРАС, ИМАЛА ЧУДНА СРЕДБА Мислела дека е куче додека не

22/09/2026

Жена се нашла лице в лице со диво животно на плажа во Неос Мармарас, едно од омилените грчки летувалишта на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy