
БУГАРИЈА ГО БИРА ХЈУНДАИ ПРЕД БЕХТЕЛ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА НУКЛЕАРНАТА ЦЕНТРАЛА КОЗЛОДУЈ? Јужнокореецот ја надминува силната конкуренција
Бугарија би можела да ја избере јужнокорејската компанија
Хјундаи за проширување на нуклеарната централа Козлодуј.
Како што се
наведува, комитетот на електраната Козлодуј разгледал пет понуди и заклучил
дека Хјундаи е единствената компанија чиј предлог ги исполнува условите за
изградба на два дополнителни реактори.
Во конкуренција
беа и две компании од Кина, американската Bechtel и холандската Fluor B.V.
Според
неофицијални информации, некои од наведените компании биле одбиени бидејќи
забележале финансиска загуба во една од последните пет години, додека други
немаат доволно искуство во слични проекти.
Трошоците за
изградба на два реактори во бугарскиот Козлодуј се проценуваат на околу 14
милијарди долари.
Конечната одлука за изградба на дополнителни реактори во
нуклеарната централа Козлодуј ќе ја донесе Владата на Бугарија.
ФОТО: EPA/MLADEN ANTONOV
