Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „БУЧИМ“ ПРЕД НЕКОЛКУ ГОДИНИ ДАЛ ПОНУДА ДА БИДЕ ДЕЛ ОД ИЛОВИЦА ШТУКА – еве зошто брзо била одбиена
Економија

„БУЧИМ“ ПРЕД НЕКОЛКУ ГОДИНИ ДАЛ ПОНУДА ДА БИДЕ ДЕЛ ОД ИЛОВИЦА ШТУКА – еве зошто брзо била одбиена

04/10/2023

AA

Истражувачката мрежа Белингкет, финансирана од ЕУ, уште пред неколку години предупреди дека во Македонија во последниот период не случајно се одземаат или пак не се доделуваат концесии во рударството на западни компании. И последните случувања со концесиите околу рудникот Иловица-Штука и компанијата „Еуромакс рисорсис“ се поврзуваат со ваквиот заклучок и наводното влијание на руската компанија „Солвеј“, која во Македонија стопанисува со рудникот „Бучим“, пишува порталот МКД.мк.

Интерес за проектот нов рудник за бакар и злато во Иловица-Штука „Еуромакс рисорсис“ пројави уште во 2007 година. „Солвеј инвестмент груп“, преку компанијата „Бучим“ во Радовиш, во 2019-та година испратиле понуда до компанијата „Еуромакс рисорсис“, зад која стои канадскиот рударски гигант „Трафигура“, да се вклучат во проектот. Тогаш „Солвеј“ јавно соопшти дека нивната понуда е „единствената остварлива краткорочна можност да се добие проектот Иловица-Штука одобрен од Владата на Македонија и да биде поддржан од локалната заедница и еколошките групи“. Тие ветија „изводливо решавање на еколошките и социјалните прашања со кои се соочи проектот“ преку обработка на јаловината од Иловица во Бучим.

Еден од менаџерите на „Солвеј“, Ден Бронстеин, син на Александар Бронстеин, тогаш вети „нова македонска успешна рударска приказна“. Понудата брзо била одбиена, а засега инвестицијата во рудникот за бакар Иловица-Штука на канадската компанија „Трафигура“ и натаму се соочува со административни предизвици и протести на еколошките здруженија.

На прашањата на Мкд.мк, од „Бучим“ најпрво се заблагодариле што им се обратиле, затоа што досега на оваа тема никој не ги контактирал. Од ДПТУ Бучим ДООЕЛ Радовиш потврдиле дека ваква понуда навистина имало.

„Нашата матична компанија ‘Солвеј инвестмент груп’ пред неколку години изрази интерес за проектот Иловица Штука и тогаш се обрати со јавна понуда која остана неодговоренa. Денес валидноста на оваа понуда не е актуелна“, одговориле кратко од „Бучим“ за Мкд.мк.

За ваквата понуда пред четири години зборуваше и првиот човек на Македонската асоцијација за рударство, Николајчо Николов, кој пак воедно беше и заменик генерален директор токму во Бучим и колега на Дмитриј Кудрјаков.

„Има начин како од таму да се извади рудата и централизирано да се преработува во ‚Бучим’. Треба да има еден сопственик на рудниците и да се окрупни рударството. Не е битно дали сопственикот на Бучим ќе им го продаде или ќе ја купи Иловица. Со тоа се создава можност да се направи преработувачки капацитет за 30.000 тони бакар, а во Неготино има два комбината за преработка на бакарна жица, а во Радовиш капацитет за преработка на злато кој не работи“, изјавуваше тогаш Николов.

За разлика од нив, „Еуромакс рисорсис“ беа доста пообемни во нивниот одговор квалификувајќи ја понудата од руската компанија како непријателска.

Тие потсетија дека во март 2019 година на берзата во Торонто беше објавено дека е договорена трансакција за издавање на дополнителни акции на подружницата на „Трафигура групација“, и со реализација на оваа трансакција „Трафигура“ би се стекнала со индиректна контрола врз работењето на „Еуромакс рисорсис“.

„Меѓутоа во период од објавата до финалната реализација на трансакцијата, постојните акционери, вклучувајќи ја и ‚Трафигура групацијата’, добија непријателска понуда од ‘Солвеј групацијата’, сопственикот на рудникот ‘Бучим’, за отфлање на веќе договорената трансакција за издавање на дополнителни акции на подружницата на ‘Трафигура групацијата’, нудејќи притоа заедничко вложување, каде што постојните акционери би имале 25 отсто од вредноста на проектот Иловица-Штука, додека ‘Солвеј групацијата’ би имала 75 отсто од проектот Иловица-Штука. Во врска со оваа понуда, заседаваше Бордот на директори и ја одби истата земајќи го предвид фактот дека веќе е договорена трансакција со ‘Трафигура групацијата’, како и тоа дека со поддршка на ‘Трафигура’, со оглед на нејзиниот глобално препознаен имиџ – со вкупни приходи над 300 милијарди долари остварени низ целиот свет, може да се обезбеди стабилност и извесност при изработката и реализацијата на идниот рударски комплекс согласно најдобрите расположливи светски практики за изградба на еден модерен рудник. Учеството на ‘Трафигура’, заедно со другите инвестициски акционери, дава дополнителна гаранција дека рударскиот комплекс Иловица-Штука може да претставува модел на одговорно и одржливо рударство со максимална заштита на животната средина и билошкиот диверзитет“, гласи одговорот од „Еуромакс рисорсис“.

Од тогаш до денес неизвесноста околу стартот на овој проект продолжува.

Извор и фото: Мкд.мк

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и

28/09/2026
Македонија

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема

28/09/2026
Македонија

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели

28/09/2026
Македонија

ШЕСТ ЛИЦА УАПСЕНИ ПОД СОМНЕНИЕ ЗА ТЕРОРИЗАМ Неофицијално пронајдени снајперски

28/09/2026
Македонија

САКАМЕ РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА, НО МОРА ДА ИМА ПРЕДВИДЛИВОСТ Муцунски

28/09/2026
Македонија

📽️ ГЛИНЕНИ ГУЛАБИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА СРПСКОТО ПОДЗЕМЈЕ Најмалку 16

28/09/2026
Македонија

СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПРИЗНА ДВЕ УБИСТВА, ЗА ДВЕ

28/09/2026
Македонија

ИЗЛЕТАЛ СО КАМИОН ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ Тешка сообраќајна несреќа

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45856
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и водоснабдување до дигитални услуги

28/09/2026

На вечерашниот митинг во Општина Брвеница, во рамките на предвремените локални избори, под слоганот „Една Брвеница за сите! Да ја

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема температурна разлика низ земјава

28/09/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува во поголемиот дел од земјава, а во југоисточните делови ќе има услови

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели дека тие се само за

28/09/2026

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва на митингот на партијата во Брвеница ја обвини СДСМ дека се противи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy