
Бујар Османи телефонски разговарал со Сергеј Лавров
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во својство на Претседавач со ОБСЕ, оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров. На разговорот, министерот Османи се осврна на предизвиците во регионот на ОБСЕ и ја повтори приврзаноста на Претседавањето на Северна Македонија кон почитување на темелните принципи и заложби на ОБСЕ. […]