
БРИСЕЛ ПАРАЛИЗИРАН, ГО „ТРЕСАТ“ ШТРАЈКОВИ: „Нема добри услови за работа, нема јавен транспорт“
Белгиските синдикати
денеска организираат големи демонстрации во знак на протест против, како што
велат, се полошите услови за работа и загрозување на правото на штрајк.
Поради штрајкот
на транспортните работници, метрото и другите начини на транспорт во Брисел беа
парализирани, пренесува АП.
Синдикатите се
незадоволни што компаниите сакаат да им наметнат нови договори на работниците
кои ги намалуваат социјалните права на работниците, ги влошуваат условите за
работа и ги намалуваат платите.
– Не сакаме
работници од втор ред. Сакаме почитување и еднакви права за сите – се наведува
во соопштението на социјалистичкиот сојуз.
Синдикатите
протестираат и против мерките за сузбивање на штрајкот преку судски мерки, кои,
меѓу другото, предвидуваат забрана за блокирање на простории на претпријатието.
Фото: EPA/ Olivier Hoslet
