Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „БРИКОЛАЖ“ СЕ „ПРЕСЕЛИ“ ВО ПОРАНЕШНИОТ СУПЕРТИНЕКС – дали се подготвува терен за отворање на првиот маркет на германски Лидл?
Економија

„БРИКОЛАЖ“ СЕ „ПРЕСЕЛИ“ ВО ПОРАНЕШНИОТ СУПЕРТИНЕКС – дали се подготвува терен за отворање на првиот маркет на германски Лидл?

03/07/2023

AA

Брендот „Бриколаж“ се пресели во еден од објектите на скопски „Тинекс“, кој своевремено работеше како Супертинекс, но потоа долго време беше испразнет од стока и не функционираше.

Станува звор за објектот на Тинекс кој беше лоциран токму според Бриколаж.

Фактор има фотографии кои говорат за „преселбата“ на брендот Бриколаж во објектот на некогашниот Супертинекс.

А, што се крие зад ова селење, може само да се насетува или да се претпоставува.

Имено, како што веќе пишуваше Фактор во март годинава, германскиот голем трговски синџир „Лидл“ ја купил локацијата на „Бриколаж“ од компанијата „Скопски пазар“.

Таму се очекува да никне првиот маркет на Лидл во земјава, кој нашите граѓани со нетрпение го очекуваат, а во меѓувреме масовно пазарат од маркетите на Лидл во Грција, но и во соседна Србија, се разбира кога ќе имаат прилика да ги посетат тие држави.

Дали се подготвува терен за отворање на првиот маркет на Лидл во земјава, или станува збор само за преселба на локацијата на Бриколаж, откако нивниот објект беше продаден, останува да се види. 

Како што веќе има пишувано Фактор, во февруари 2021 година Лидл ја регистрираше својата компанија во Македонија, а ќе биде управувана од бугарската филијала. Тогаш објавивме дека оваа, една од најголемите компании во малопродажбата во светот, во земјава ја регистрираше подружницата Лидл Северна Македонија Дооел со седиште во скопски Центар и со паричен влог од 500.000 евра, според податоците од Централен регистар.

Сопственик е германската матична компанија ВЕ-Интернационал Цвајте ГмбХ од Некарзулм, но субјектот специјализиран за трговија на мало претежно со храна, пијалаци и тутун ќе биде управуван од Софија, од бизнисмените Милена Емилова Драгијска, Бисер Борисов Инчовски и Љубомир Манолов Хрсев, објави тогаш Фактор.

Според описот на нивните надлежности и ограничувања, Лидл“ планира да вложи над 10 милиони евра во продавница и да купи земјиште поголемо од 10.000 квадратни метри.

Н.Н.Ф. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ СЕ НАЈДЕ ЛИ ЧАРЕ ЗА „КРАВА ПАЛАНКА“? Советниците на

19/11/2026
Македонија

СЕ ТРАГА ПО УШТЕ ЕДНО ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО ПЛАНИРАНИОТ НАПАД

19/11/2026
Македонија

📽️ ТОШКОВСКИ ЈА ПРИМИ НАГРАДАТА ЗА „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ВО ДУБАИ

19/11/2026
Македонија

СИЛНИОТ ВЕТАР ЌЕ ПРОДОЛЖИ И УТРЕ, НА СИЛА Е ЖОЛТ

18/11/2026
Македонија

НА НОВОРОДЕНЧЕ МУ НАНЕЛЕ ИСЕКОТИНА НА ПРСТЕТО ПРИ ВАДЕЊЕ ИНФУЗИЈА

18/11/2026
Македонија

Посетата на поранешна актерка во филмови за возрасни на Омејадската

18/11/2026
Македонија

ЗОШТО ПЕНДАРОВСКИ НЕ ГО ПОТПИШАЛ ЗАКОНОТ ЗА ИГРИ НА СРЕЌА?

18/11/2026
Македонија

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА УСПЕАЛА ДА ЗАЛОВИ 96 ОД ВКУПНО 1.000

18/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46838
  • Регион 4000
  • Свет 21
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ СЕ НАЈДЕ ЛИ ЧАРЕ ЗА „КРАВА ПАЛАНКА“? Советниците на ВМРО-ДПМНЕ предлагаат 6 итни мерки

19/11/2026

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Крива Паланка бара да се свика вонредна седница на која ќе се

СЕ ТРАГА ПО УШТЕ ЕДНО ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО ПЛАНИРАНИОТ НАПАД ВО ГРЦИЈА Можни цели биле

19/11/2026

Македонските власти, во соработка со грчката разузнавачка служба ЕИП, трагаат по уште едно лице поврзано со сомненијата за планиран терористички

📽️ ТОШКОВСКИ ЈА ПРИМИ НАГРАДАТА ЗА „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ВО ДУБАИ Македонскиот проект признат на Светскиот

19/11/2026

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја прими наградата „Excellence in Road Safety“ на Светскиот полициски самит во Дубаи, признание

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy