Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Братот на Џоко Ѓоргиев започна кампања за споменик во чест на Џоко Ѓоргиев и загинатите во трагедијата во „Пулс“
Македонија

Братот на Џоко Ѓоргиев започна кампања за споменик во чест на Џоко Ѓоргиев и загинатите во трагедијата во „Пулс“

12/06/2025

AA

Братот на трагично загинатиот тапанар на групата „ДНК“, Џоко Ѓоргиев, започна хуманитарна кампања за собирање средства за подигнување на споменик во чест на својот брат и на сите жртви од најголемата трагедија во поновата македонска историја – пожарот во дискотеката „Пулс“ во Струмица.

На платформата „Павел Андреев“, Димитар Ѓоргиев објави повик за донации со цел собирање на 30 илјади евра за спомен-обележје кое ќе биде поставено на плоштадот во родниот град на Џоко. Иницијативата доби јавна поддршка и од градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој не само што ја сподели акцијата, туку и лично се појавува меѓу донаторите.

Според информации изработката на споменикот ќе биде доверена на познатиот сликар и вајар Митко Тошев, кој воедно е и професор по ликовна уметност во гимназијата „Јане Сандански“. Локацијата на споменикот на градскиот плоштад е веќе во фаза на планирање, а адаптацијата на урбанистичкиот план ќе потрае околу две недели. Времетраењето на самата изработка засега не е прецизирано.

Во текстот на иницијативата е наведено дека поставувањето на овој споменик претставува „споменик на вечниот препород“ – обележје што ќе ги чува сеќавањата на 63 младешки животи, згаснати во една кобна вечер.

Џоко Ѓоргиев, кој загина на само 24 години, остана запаметен како млад музичар со исклучителен талент и огромно срце. Свирејќи тапани на настап со својата група, тој животот го заврши таму каде што најмногу припаѓаше – на сцената. Симболично, иницијативата порачува дека „огнот можеби го зеде неговото тело, но не и љубовта, музиката и спомените што ги остави зад себе“.

„Да не дозволиме неговото име да се заборави. Да се обединиме како негови пријатели, сограѓани и луѓе кои веруваат во музиката и човечноста. Тој свиреше до самиот крај – да направиме неговиот удар на тапанот никогаш да не згасне,“ стои во апелот за поддршка.

Секој кој сака да даде свој придонес во изградбата на ова трајно спомен-обележје, може да донира преку платформата „Павел Андреев“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ

09/11/2026
Македонија

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои

09/11/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три

09/11/2026
Македонија

ОПШТИНАТА НЕ Е СПОСОБНА ДА СЕ СПРАВИ СО КРАВИТЕ, ПА

09/11/2026
Македонија

ГИ ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ПОБЕДИ Мицкоски на прослава на

09/11/2026
Македонија

ДО ВИКЕНД ТОПЛО И ДОЖДЛИВО, СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 20 СТЕПЕНИ

09/11/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со

09/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46685
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ РЕДОВНИ ИЗБОРИ Гаши уверен дека

09/11/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека партиите треба да седнат на разговор за измените на Законот за јавните набавки,

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои работи отидоа предалеку

09/11/2026

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека Европската Унија сторила неправда кон Македонија со тоа што по потпишувањето на Преспанскиот

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три куќи, гаснеле 22 пожарникари

09/11/2026

Пожарот што избувна попладнево кај Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола. Во интервенцијата учествуваа 9 противпожарни возила и 22

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy