
БОЖИНОВСКА СЕ СРЕТНА СО МАРИО ДЕ РОСА: Разговараа за соработка во повеќе области
Министерката за енергетика рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска оствари средба со заменик шефот на мисијата на Италијанската амбасада во
Македонија, Марио Де Роса и претставници на Италијанската банка за развој (ЦДП -Cassa Depositi e Prestiti).
„Денес остварив средба со заменик шефот на мисијата на
Италијанската амбасада во Македонија г-дин д-р Марио Де Роса и претставници на
Италијанската банка за развој (ЦДП –
Cassa Depositi e Prestiti), која преку својот пристап до фондовите на WBIF, кој имаат за цел да се
зајакне социо-економскиот развој на регионот и да придонесе за европската
перспектива на Западен Балкан, обезбедува инвестициски грантови и техничка
помош посебно на компании во државна сопственост, а за таа цел отворена е и
канцеларија во Белград, наменета за целиот регион на Западен Балкан. Соговорниците подетално ме запознаа со нивните активности и
деловната стратегија што ќе ја спроведат со цел да се обезбеди поддршка на
јавниот и приватниот сектор во нашата земја во областа на одржливиот и
инклузивен развој. Се разговараше за потенцијалот за соработка во повеќе
области, со посебен фокус на енергетиката и зелената транзиција“, вели министерката.