Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Божиновска на МЕФ 2025: Современ и иновативен енергетски модел е визијата на Македонија
Економија

Божиновска на МЕФ 2025: Современ и иновативен енергетски модел е визијата на Македонија

17/06/2025

AA

 Визијата на Македонија е создавање на современ и иновативен енергетски модел кој ќе овозможи праведна транзиција и ќе стане двигател на економскиот раст, во интерес на граѓаните и државата, изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на министерскиот панел за Западен Балкан: „Инвестиции во време на превирања и брзи пазарни случувања: Каде се наоѓа регионот на Западен Балкан?“

На настанот што се одржува во рамките на Македонскиот енергетски форум (МЕФ) 2025 министерката Божиновска ја нагласи важноста на заедничкото делување во регионот.

-Заедно со земјите од регионот ги претвораме пречките во можности и придонесуваме Западниот Балкан да се постави на светската енергетска мапа, рече таа, додавајќи дека одржливиот енергетски систем е возможно да се постигне само преку здружени напори.

Од Министерството за енергетика информираат дека во рамките на форумот, Божиновска остварила и билатерална средба со генералниот директор на Меѓународната агенција за обновлива енергија, Франческо Ла Камера.

-Таа ја потврди посветеноста на Македонија кон фер и инклузивна енергетска транзиција, нагласувајќи дека „од клучно значење е да се создадат услови за безбедна енергетска и климатска трансформација“, стои во соопштението од Министерството.

На форумот кој кој оваа година се одржува под мотото „Поддршка за чистата енергетска револуција во Западниот Балкан“ во скопје се собрани врвни експерти и клучни актери од целиот свет. Тие дискутираат за предизвиците и можностите во енергетскиот сектор, со фокус на регионалната соработка и забрзување на зелената транзиција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy