Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Богатството на 5-те најбогати луѓе во светот е двојно зголемено од 2020 година
Македонија

Богатството на 5-те најбогати луѓе во светот е двојно зголемено од 2020 година

17/01/2024

AA

Американските милијардери, од кои многумина го црпат своето богатство од капиталот на компаниите што ги водат, се побогати за 1,6 трилиони долари во 2024 година

Петте најбогати луѓе на планетата последниве години станаа уште побогати. Од 2020 година, нето вредноста на овие милијардери вртоглаво се зголеми за 114 отсто на вкупно 869 милијарди долари (приспособувајќи се за инфлацијата), според годишниот извештај за нееднаквоста на Оксфам, објавен во неделата.

Ако продолжат сегашните трендови, светот би можел да го добие својот прв трилионер по една деценија.

Во исто време, речиси 5 милијарди луѓе ширум светот станаа посиромашни бидејќи се борат со инфлацијата, војната и климатската криза. Ќе бидат потребни речиси 230 години за да се елиминира сиромаштијата која е моментално присутна, пишува Си-Ен-Ен врз основа на извештај кој „се потпира“ на податоците собрани од Форбс.

Инаку, овој Извештај е темпиран да „се поклопи“ со почетокот на годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, кој започна денеска.

– Иако нееднаквоста е во пораст, има некои светли точки – рече Набил Ахмед, директор за економска и расна правда во Оксфам Америка.

Работниците, вели тој, ги свиткале мускулите преку штрајкови и договори кои им ги подобриле надоместоците и условите за работа. Исто така, некои влади беа на нивна страна, кои на прв план ги ставаа политиките насочени кон зајакнување на правата на работниците.

– Се најдовме во ново позлатено време, но работниците, регулаторите и синдикатот и локалните организатори почнуваат да прават пукнатини во него – рече Ахмед.

Илон Маск, кој раководи со неколку компании, меѓу кои и Tesla, SpaceX и Platform X (Twitter), е неприкосновен лидер на групата најбогати во последните години. Неговото богатство скокна на 245,5 милијарди долари на крајот на ноември, што е за 737 отсто повеќе отколку во март 2020 година.

Бернар Арно, претседател на францускиот гигант за луксузни стоки LVMH, и неговото семејство имаа нето богатство од 191,3 милијарди долари, што е повеќе од 111%.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy