Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пендаровски ќе учествува на сесијата „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“ на Светскиот економски форум во Давос
Македонија

Пендаровски ќе учествува на сесијата „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“ на Светскиот економски форум во Давос

17/01/2024

AA

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на 54. Годишен состанок на Светскиот економски форум во Давос денеска – 17 јануари 2024 година, среда, ќе говори на сесијата „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“, со почеток во 18:15 часот.

Во фокусот на дебатата се очекува да бидат перспективите за проширување на Европската Унија кон земјите кон Западен Балкан, нивната подготвеност за реализација на реформите, очекувањата од европските избори, подобрувањето на економската интеграција на регионот и неговиот раст.

На сесијата се очекува учество на шефови на држави и влади и министри на земјите од регионот и поширико од Европа, како и претставници на бизнисот и невладиниот сектор.

Meѓу најавените излагачи на сесијата се и Мирек Душек, директор на Светскиот економски форум, Борге Бренде, претседател на Светскиот економски форум, Урсула фон дер Лејен, претседателка на Европската Комисија, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, премиерот на Грузија, Иракли Гарибашвили, премиерот на Косово, Албин Курти, премиерот на Молдавија, Дорин Рецеан, Тања Фајон, вицепремиер и МНР на Словенија, Сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Австрија, Александер Шаленберг, министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, министерката за надворешни работи на Романија, Луминица Одобеску, Мирослав Лајчак, Специјален претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и Западен Балкан, Борјана Кришто, претседавач со Советот на министри на Босна и Херцеговина и други високи претставници.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МВР со нов Закон за оружје: Помалку бирократија, поголема безбедност

27/06/2026
Македонија

Пронајдена е 77 годишната Божа од скопско Орешани

27/06/2026
Македонија

СДСМ: Две години мандат на Тошковски донесоа распад на безбедносниот

27/06/2026
Македонија

Никогаш не трчајте кон излезот и не користете лифт: Ова

27/06/2026
Македонија

Силните потреси во Венецуела предупредување и за Македонија: Подготвеноста спасува

27/06/2026
Македонија

Тошковски со отчет: Нема недопирливи, градиме безбеден систем

27/06/2026
Македонија

Славески: До 80% од идните пензионери нема да акумулираат доволно

26/06/2026
Македонија

Километарски колони и хаос на Плетвар: Тешка несреќа, се преврте

26/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43981
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МВР со нов Закон за оружје: Помалку бирократија, поголема безбедност и дигитализација на услугите

27/06/2026

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е усвоен новиот Закон за оружје, со кој се спроведуваат клучни реформи во оваа

Пронајдена е 77 годишната Божа од скопско Орешани

27/06/2026

Доцна ноќеска е пронајдена исчезнатата 77 годишна Божа Каракушева. Се работи за лице кое боледува од деменција, а исчезна вчера

СДСМ: Две години мандат на Тошковски донесоа распад на безбедносниот систем и заштита на криминалот

27/06/2026

Двегодишниот мандат на Панче Тошковски на чело на Министерството за внатрешни работи (МВР) донесе целосен распад на безбедносниот систем, низа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy