Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бочварски: Постигнавме историски успех, го либерализиравме товарниот и патничкиот превоз со Република Србија
Македонија

Бочварски: Постигнавме историски успех, го либерализиравме товарниот и патничкиот превоз со Република Србија

07/06/2023

AA

Од 1 август се укинуваат сите дозволи кои се разменуваа на реципрочна основа на годишно ниво, а кои се однесуваат за превоз на стока кој се врши за и од трети земји помеѓу Република Северна Македонија и Република Србија. Ова подразбира целосна либерализација на транспортот на стока и се однесува за сите еколошки возила почнувајќи со стандард од ЕВРО 1, ЕВРО 2, ЕВРО 3, ЕВРО 4, ЕВРО 5 и ЕВРО 6, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Овој Договор е постигнат во рамки на Македонско-српската мешовита комисија за меѓународен патен транспорт на патници и стока која деновиве заседаваше во Република Северна Македонија.

Според Министерството, постигнат е договор за либерализација од 15 јуни годинава за наизменичниот превоз на патници истиот да се врши исто така без дозволи кој се разменуваа на реципрочна основа на годишно ниво.

-Ова најпрво е огромен успех за транспортерите од двете земји, успех е за Република Северна Македонија и Република Србија. Постигнавме историски договор, целосно ги укинуваме дозволите во патниот и товарниот транспорт и сето ова го правиме за развојот на двете земји, за економски напредок во регионот и за подобра економска соработка меѓу Северна Македонија и Србија. Ова е нешто за што напорно работевме со мојот колега, министерот Весиќ со огромната подршка на владите на двете земји. Ова е вистинската политика за олеснување на работата на превозниците и ова треба да биде пример за цел регион, рече министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Одлуката за либерализација на транспортот е дел од иницијативата „Отворен Балкан” и целите утврдени со Меморандумот за разбирање и соработка за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоки и патници во Западен Балкан.

Денеска ова го соопшти и срспкиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДО 15 СТЕПЕНИ, А ПОТОА УТРИНСКИ МРАЗ Викендот носи утринска

04/11/2026
Македонија

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА БАРА КРЕАТИВНИ РЕШЕНИЈА ОД ЕУ Македонскиот идентитет не смее

04/11/2026
Македонија

📽️ „АЛБАНЦИТЕ НЕ ГИ ПУШТААТ ЖЕНИТЕ ДА СЕ БРУКААТ ПО

04/11/2026
Македонија

ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА МАНИПУЛАЦИИ СО Е-ИНДЕКСИТЕ ДОБИЈА ПРИТВОР Судот го прифати

04/11/2026
Македонија

СМРТНИ ЗАКАНИ, РАСПРАВИЈА И ПРИЈАВА ПРЕД ТРАГЕДИЈАТА ВО БОГДАНЦИ Девојката

04/11/2026
Македонија

НА ТРАГЕДИЈАТА ВО БОГДАНЦИ Ѝ ПРЕТХОДЕЛЕ СМРТНИ ЗАКАНИ И РАСПРАВИЈА

04/11/2026
Македонија

БРИСЕЛ ГИ ПРЕПОЗНА ЗАКОНСКИТЕ РЕФОРМИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО Позитивно оценети законите

04/11/2026
Македонија

КОРИДОРИТЕ 8 И 10 СЕ ВАЖНИ И ЗА ВОЕНАТА МОБИЛНОСТ

04/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46583
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДО 15 СТЕПЕНИ, А ПОТОА УТРИНСКИ МРАЗ Викендот носи утринска магла и минусни температури

04/11/2026

Времето в четврток, 5 ноември, ќе биде променливо облачно, во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА БАРА КРЕАТИВНИ РЕШЕНИЈА ОД ЕУ Македонскиот идентитет не смее да биде доведен во прашање

04/11/2026

Европската Унија треба да понуди креативни решенија за надминување на долгогодишниот застој во македонските евроинтеграции, без да се доведува во

📽️ „АЛБАНЦИТЕ НЕ ГИ ПУШТААТ ЖЕНИТЕ ДА СЕ БРУКААТ ПО КАФЕАНИ“ Петар Богојески им одржа

04/11/2026

Петар Богојески остана на ставот за машка контрола врз жените и во ново видео им се нафрли на мажите кои

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy