Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бочварски: Автопатската делница Подмоље – Охрид ќе биде пуштена за сообраќај до 10 јули
Македонија

Бочварски: Автопатската делница Подмоље – Охрид ќе биде пуштена за сообраќај до 10 јули

16/06/2023

AA

„Гледаме силна градежна офанзива овде пред Охрид. Очекуваме до 10 јули да завршат градежните активности во овој дел од Подмоље до Охрид и потоа да започнеме со последната фаза за поставување на еластични огради и одобрување на времениот режим“, истакна министерот Бочварски при денешниот увид во изградба на автопатот Кичево – Охрид заедно со директорот на ЈПДП, Ејуп Рустеми.

Реакциите во однос на времениот режим на оваа делница се неприфатливи во време кога привршуваат градежните работи, додаде министерот, притоа побара поддршка од општината и граѓанските здруженија да не ја кочат реализацијата на овој автопат.

„Денеска сме на увид на дел од трасата од Подмоље до Охрид се со цел да овој автопат час поскоро биде пуштен во функција. Тоа ќе значи зголемување на туризмот, подобрување на состојбите во Охрид, поврзувањето и сметам дека ова е правиот начин како треба да работиме со зголемена механизација, со решени проблеми, со решена експропријација, со решени проектантски прашања. Денеска сите овие состојби се решени и она што е важно е дека до 10-ти ќе биде приспособена оваа трака и ќе се вози повторно по овој дел од автопатската делница и сметам дека за главниот дел од туристичката сезона ќе биде приспособена оваа траса и убеден сум дека тоа е од значење за граѓаните, за градот, за туризмот и сите треба да дадеме поддршка за еден ваков прогрес и работа на терен.“ – изјави министерот Бочварски.

Јавното претпријатие за државни патишта ги надмина сите проблеми на трасата, се репроектираа 72 нови проекти, нови клучки, нови пристапни патишта и завршени се преку 3.500 експропријации и сега Изведувачот има чист терен за работа, потенцираше директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми.

„Сега кога е отворена цела траса правиме сериозни напори за поголема динамика за работа, за поголеми активности на трасата и очекуваме до 10 јули да завршиме со изградба на делницата од Подмоље до Охрид и да ги пуштиме во употреба за сообраќај двете ленти. Сега сме во постапка за набавка и на заштитна ограда која ќе се монтира веднаш по завршување на асфалтерските работи.“ – изјави директорот Рустеми.

Автопатската делница Кичево – Охрид е дел од Коридорот 8 во должина од 57 километри и инвестиција од 598 милиони евра.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy