
Бојмацлиев вели дека никој никого не саботира: Пристигнаа обрасци, граѓаните ќе ги добијат документите
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев изјави дека се стигнати 20.000 обрасци, а најави дека до крајот на месецов ќе стигне дополнителна пратка.
Тој додава дека нова пратка обрасци за лични документи на граѓаните се очекува и во јуни
„Никој никого не саботира во МВР. Само ќе кажам дека дента кога се направи примопредавањето меѓу министерот Спасовски и министерот Тошковски, стигнаа 50.000 обрасци, пред некој ден стигаа 20.000, не се работи за никаква саботажа. До крајот на месецов очекуваме поголема пратка. Исто така и во јуни доаѓа голема пратка што ќе ги задоволи сите потреби за граѓаните, оние кои се сликале да ги добијат документите“, додаде тој.