Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЕ ОГЛАСИ ЕСМ ЗА ИЗБОРОТ НА МАРКОВСКИ КОМПАНИ: Тие се специјализирана компанија за ископ на јаглен и се наш партнер од пред 2007 година
Економија

СЕ ОГЛАСИ ЕСМ ЗА ИЗБОРОТ НА МАРКОВСКИ КОМПАНИ: Тие се специјализирана компанија за ископ на јаглен и се наш партнер од пред 2007 година

20/02/2024

AA

Се огласија од ЕСМ за последниот тендер даден на Марковски компани на сума од 46 милиони евра.

„АД
ЕСМ како одговорна компанија ја спроведува активната транспарентност која
подразбира објавување информации на сопствена иницијатива, без притоа некој да
има доставено барање за пристап до тие информации.

Во
согласност со таа политика, сите јавни набавки што АД ЕСМ ги има направено во
изминатиот период се јавни и целосно транспарентни, иако не постои законска
обврска за објавување на јавен повик и за постапки кои се изземени од законот
за јавни набавки. Но, АД ЕСМ почитувајќи ја транспарентноста и со чесни намери
за информирање на јавноста, јавно ги објавува повиците со цел да се обезбедат
квалитетни реагенси коишто се нужни за ефикасно производство на електрична
енергија, а притоа се со предвидени минимални услови што му овозможуваат на
секој способен субјект во државата да достави понуда.

Затоа,
за да се сопрат шпекулациите, АД ЕСМ во прилог целосно ќе го објасни текот на
набавката за која се манипулира јавноста изминативе неколку денови.

АД
ЕСМ на 08.11.2023 прави интерна порачка за набавка на услуга  Ископ
на јаглен и меѓуслојна јаловина во Рудник Брод-Гнеотино 
(рамковна спогодба со еден економски оператор), на 16.11.2023 година е
објавена јавната набавка. Согласно законот пред јавното отварање на понудите
имаше прашања и одговори.

На
24.11.2023 година ДГУ Пелистер ДОО Битола поднесува жалба со предлог времена
мерка и истата била отфрлена како неоснована од Државна комисија за жалби по
јавни набавки на 15.12.2023 година.

Согласно
записникот од отворање на понудите на 18.12.2023 година, на јавниот повик се
јавиле 3 фирми и тоа:

–  Марковски Компани Борче ДООЕЛ
увоз-извоз Битола

–  ДГУ Пелистер ДОО Битола

–  Гранит АД Скопје

По
формирањето на Стручна комисија и добиено техничко мислење од истата, се прави
извештај од спорведената постапка која содржи изјави од одговорно лице, членови
на комисијата за јавни набави и членовите на стручната комисија.

Одлуката за избор на најповолна понуда која ги
исполнува сите технички спецификации е донесена на 20.12.2023 година. На
04.01.2024 година, по известувањето за избор на најповолна понуда, извршувањето
на управната 

контрола
и известувањето и записникот од управната контрола, Гранит АД Скопје поднел
жалба. Државната комисија за јавни набавки на 26.01.2024 ја одбива жалбата
поднесена од Гранит АД Скопје поради неоснованост.

На
13.02.2024 година е склучен договор со Марковски Компани за период од максимум
18 месеци, за разлика од претходните договори што биле за период од 12
месеци. Вкупна вредност на овој договор е 2.400.000.000 денари.

Оваа
набавка се однесува за подолг период, во однос на досегашните, со оглед на
независноста во енергетскиот систем, но во исто време е рамковна и флексибилна
со што се создава можност најдобриот реагенс да се користи во најдобро време и
доколку не е потребен воопшто да не се користи.

Исто
така, важно е да се спомене дека АД ЕСМ склучувала договори со Марковски
компани и во минатото, односно од пред 2007 година без оглед на политичките и
раководните структури во Владата и во раководството на АД ЕСМ. Марковски
компани е професионална компанија што е специјализирана за ископување на јаглен
и јаловина, скоро 20 години е партнер на АД ЕСМ.

Во
продолжение, со укажувањето кое беше донесено од Владата, се создаваше
неможност за тековното функционирање на производниот процес, кој не само што
вклучува помошна механизација за ископ на јаглен кој како краен производ е
поевтин од набавениот од странство, вклучува и низа други реагенси, по што
Владата го зема во обѕир стручното мислење на експертите од производниот процес
и беше постигнат општествен компромис.

Неминовно
е да се земе предвид и фактот дека производството на електрична енергија е од
амортизирани постројки, ама сепак со нивно постојано одржување и редовни
ремонтни активности, како и користење на квалитетни реагенси се обезбедува
стабилно и сигурно производство коешто е доказ дека и во услови на најголемата
енергетска криза немаше ниту еден ден рестрикции за граѓаните.

Производството
на електричната енергија не е прашање на политичко толкување, туку нужност за
функционирање на општеството и ако ги тргнеме на страна сите шпекулации и
манипулации, можеме да потврдиме дека електрична енергија во државата имало и
ќе има во иднина, независно од политичките игри и намери“, се вели во долгото соопштение од ЕСМ. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Славески: До 80% од идните пензионери нема да акумулираат доволно

26/06/2026
Македонија

Километарски колони и хаос на Плетвар: Тешка несреќа, се преврте

26/06/2026
Македонија

Мисајловски најави повисоки плати во Армијата и нов колективен договор

26/06/2026
Македонија

Превртен камион на патниот правец Прилеп–Градско

26/06/2026
Македонија

Во Градскиот базен во Тетово воведени термини само за жени

26/06/2026
Македонија

Исчезна Божа од скопско Орешани, последен пат видена кај Драчево!

26/06/2026
Македонија

7 пожари низ Македонија, 2 уште активни!

26/06/2026
Македонија

ДИГУ ќе руши бесправен објект во старото јадро на Охрид

26/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43975
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Славески: До 80% од идните пензионери нема да акумулираат доволно пари за минимална пензија

26/06/2026

Пензиите на 70 до 80 отсто од осигурениците во вториот пензиски столб би можеле да бидат пресметани под законски утврдениот

Километарски колони и хаос на Плетвар: Тешка несреќа, се преврте камион!

26/06/2026

Тешка сообраќајна несреќа попладнево предизвика тотален сообраќаен колапс на патниот правец Прилеп-Градско, во близина на приклучувањето за селото Ореовец на

Мисајловски најави повисоки плати во Армијата и нов колективен договор од понеделник

26/06/2026

Министерството за одбрана од понеделник ги започнува преговорите со синдикатите за нов колективен договор, кој предвидува зголемување на платите и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy