Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „БЛУМБЕРГ“ ТРДИ: Европа не може да се ослободи од зависноста од рускиот гас
Економија

„БЛУМБЕРГ“ ТРДИ: Европа не може да се ослободи од зависноста од рускиот гас

26/10/2024

AA

И по скоро три
години по воведувањето на западните санкции кон Русија, Европа сè уште купува
руски природен гас во вредност од милијарди евра. Апсурдно, рускиот гас тече до
континентот преку украинскиот гасовод.

Можеби уште
посмешно, Киев наплаќа транзитни такси од својот најголем непријател Москва за
користење на каналот. Во екот на конфликтот, Кремљ редовно плаќа сметка од 800
милиони евра годишно.

Овој „кафкијански
тек“ е знак дека Европа не може да живее без руски гас, пишува „Блумберг“ и
додава дека не треба да се кажува премногу гласно „бидејќи никој не сака да го
слушне“.

Европа, всушност,
е помалку зависна од Русија отколку што беше порано. Пред конфликтот, 45 отсто
од европскиот увоз на гас доаѓаше од Русија. Минатата година увозот падна на 15
проценти. Оваа година „зависноста од рускиот гас“ е зголемена, Москва сега држи
околу 20 отсто од вкупниот европски увоз на гас.

Никој не е
изненаден што Европа се прави дека не зависи од рускиот гас. Затоа што ако
признае дека зависи, тогаш последицата е јасна: Европа и плаќа на Русија за
гас; Русија ги користи тие пари во конфликтот против Украина. Од друга страна,
Европа и дава пари на Украина за да ја запре Русија. Така континентот ги финансира
двете страни во конфликтот.

Рускиот гас
пристигнува во Европа преку три главни рути. Првите две вклучуваат цевководи.
Еден оди преку Украина до Словачка; другиот патува преку Турција до Бугарија.
Третиот начин е да се транспортира течен природен гас, производ кој е
супер-ладен за товарење на танкери и транспорт низ целиот свет, многу сличен на
нафтата.

Потпирањето на
европскиот енергетски пазар од рускиот гас ќе биде тестирано бидејќи договорот
за гасоводот Русија-Украина истекува на 1 јануари 2025 година. Договорот
најверојатно нема да биде обновен во сегашната форма бидејќи Киев одбива да
разговара со Москва.

Украинскиот
гасовод е од клучно значење за Источна и Централна Европа, особено за Словачка
и Австрија. Италија, Чешка и Унгарија, исто така, добиваат одреден волумен.
Претходно оваа година, австриската влада предупреди на „голем ризик“ за
нејзината енергетска безбедност доколку протокот биде запрен. Виена ја одржува
една од најстарите и најдлабоки врски во Европа со руските производители на
енергија и дури и денес се потпира на таа земја за повеќе од 80 отсто од увозот
на гас.

Решението за
продолжување на протокот низ Украина го вклучува Азербејџан и значителен степен
на алхемија. Политички коректното решение бара централноазиската земја да го
преземе договорот за гас меѓу Украина и Русија со Европа. Но, постои финта:
Азербејџан веќе испумпува максимално количество гас, па за да испорача
дополнителни количества во Европа, ќе мора да размени гас со Русија. Значи, се
вративме таму каде што почнавме.

Тврдењата на
Кадри Симсон, комесарот за енергетика, дека Европа може да живее без руски гас
„не држат вода“. Во најдобар случај, економскиот трошок ќе биде огромен. Цените
на европскиот гас веќе скокнаа над 40 евра за мегават час.

Течниот гас е
уште поголема „катастрофа“ за Европа. Ако се откажат од рускиот ЛНГ, ќе мора да
се обратат кон други добавувачи – САД, Катар, Австралија, Нигерија, кои веќе
имаат бизнис со азискиот пазар. Тоа значи уште повисоки цени на течниот гас.

Опциите на Европа
се ограничени. Постои аргумент за продолжување на купувањето руски гас –
зависноста на континентот е далеку помала отколку што беше пред конфликтот, и
поради тоа Москва повеќе не добива толку многу пари.

Трошоците за
намалување на употребата на нула моментално се премногу високи: цените би се
зголемиле до небо. Економски и политички, тоа звучи сосема правилно. Морално,
според колумнистот на Блумберг, и не баш. Но, во „војна“, Европа ќе мора да ја
плати таа висока морална цена, заклучува тој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Кога гори македонска земја, нема граници“: Хероите на градот тргнаа

19/08/2026
Македонија

Ниту еден македонски универзитет меѓу 1.000 најдобри во светот

19/08/2026
Македонија

Странски возачи чекаат во ред на Табановце за да ги

19/08/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: СДСМ создава паника за комарците, Град Скопје спроведува континуирана

19/08/2026
Македонија

Кризата со западно-нилската треска во Скопје ескалира: СДСМ бара одговорност

19/08/2026
Македонија

Четири лица починаа од западнонилска треска, во Македонија 38 заболени

19/08/2026
Македонија

Осумгодишно дете повредено од барутни честички било донесено во Комплексот

19/08/2026
Македонија

Пожарот кај Чаниште и натаму активен, Ангелов: Селата засега не

19/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45122
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„Кога гори македонска земја, нема граници“: Хероите на градот тргнаа во помош за гаснење на

19/08/2026

Конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје тргна кон Мариово, каде ќе помогне во справувањето со големиот пожар што го

Ниту еден македонски универзитет меѓу 1.000 најдобри во светот

19/08/2026

Ниту еден македонски универзитет повторно не се најде меѓу 1.000 најдобри високообразовни институции во светот на најновата Шангајска листа. На

Странски возачи чекаат во ред на Табановце за да ги платат казните од „Сејф сити“

19/08/2026

Редови од странски возачи денеска се создадоа на граничниот премин Табановце, каде што дел од нив чекале да ги подмират

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy