БАНКРОТ НА ПОЗНАТ ЈАПОНСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ТЕЛЕВИЗОРИ: Долгот на компанијата е три милијарди долари
Јапонската
електронска компанија „Funai“со седиште во Осака, најпозната по производството
на телевизори, доби дозвола од властите да започне со спроведување на
стечајните постапки.
„Funai“, иако не
е толку познат како поголемите јапонски конкуренти како „Panasonic“, „Sony“ или „Sharp“, во последниве години изгради свој
имиџ на пазарот на телевизори како снабдувач на големи, евтини малопродажни
синџири: американскиот „Волмарт“ и јапонскиот „Џамед“.
Во земјата на
изгрејсонцето, пред епидемијата на корона вирусот, имаше удел од седум и пол
проценти на пазарот на ТВ уреди.
Меѓутоа, во
последните години, жестоката конкуренција на јужнокорејските, а особено
кинеските производители „Hysens“ и „TCL Technologies“ ја загрози нејзината
позиција на еден од најевтините производители на телевизори на јапонскиот
пазар.
Funai е јапонска
компанија основана во 1961 година, позната по производство на електроника и апарати
за домаќинство. Funai главно се фокусираше на производство на производи за
други брендови (OEM manufacturing), што значи дека тие дизајнираа и
произведуваа производи за други компании кои потоа ги продаваа под свои имиња.
Компанијата стана
позната во периодот кога беа популарни видео рекордери (VCR) и ДВД-плеери. Во
овој период Funai беше еден од водечките производители на видеорекордери,
ДВД-плеери и Blu-ray плеери, соработувајќи со брендови како Philips, Sanio и
Magnavox. Funai беше познат и по пристапните цени на нивните уреди, што им
овозможи на нивните производи да допрат до широка публика.
Иако Funai го
издржа преминот од аналоген во дигитален, со текот на времето тие се соочија со
предизвици во конкуренцијата со големите играчи и технологии кои се развиваа
побрзо отколку што можеа да продолжат.
Изразено во
американски долари, нејзиниот долг сега изнесува околу три милијарди.
фото: YouTube/Print Screen