Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БИЗНИСМЕНОТ КОЈ ГО ИЗГРАДИ БУРЏ КАЛИФА САКА ДА ИНВЕСТИРА ВО УЛЦИЊСКАТА РИВИЕРА: Ќе „никне“ ли нов Дубаи на југот на Црна Гора?
Регион

БИЗНИСМЕНОТ КОЈ ГО ИЗГРАДИ БУРЏ КАЛИФА САКА ДА ИНВЕСТИРА ВО УЛЦИЊСКАТА РИВИЕРА: Ќе „никне“ ли нов Дубаи на југот на Црна Гора?

02/05/2025

AA

Сончевите априлски денови на плажата “Велика Плажа“ во Улцињ и предсезонскиот мир без гужви не укажуваат дека ова
конкретно место ја разбранува целата политичка сцена во Црна Гора, пишува денеска BBC.

Доколку намерата на владата се оствари, на оваа долга
песочна плажа на југот од
Јадранското Море, популарна кај туристите, со арапски капитал, би можела да се
изгради луксузен комплекс и марина за јахти, нешто на што локалните жители,
екологистите, активистите и некои опозициски партии се спротивставуваат со
недели.

„Најавената инвестиција би имала лошо влијание врз нас,
љубителите на кајтерството,
бидејќи изградбата на овие неверојатни марини и високи згради би го променила
лицето на Велика Плажа и
морето“, вели инструкторот по
кајтсурф Немања Шкобиќ, кој неодамна се вратил од Виетнам.

Владата на Црна Гора, предводена од Милојко Спајиќ, лидер на
движењето „Европа сега“ (ПЕС), планира заеднички инвестиции со компании од
Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) што, како што велат, би донеле „забрзан
економски раст и повисоки стандарди за граѓаните“.

Мухамед Алабар, претседател на компанијата „Игл Хилс“, е
подготвен да инвестира во Улцињската ривиера, која даде највисока понуда на
тендерот на почетокот на март за четиригодишен закуп на половина од државните
плажи во Улцињ.

Бизнисменот чија компанија го изгради облакодерот Бурџ
Калифа во Дубаи е познат на Балканот како инвеститор во изградбата на големата
луксузна населба „Белград на вода“, како и други слични проекти во Хрватска и
Албанија.

Во земја која е кандидат за членство во Европската Унија и
во својот устав се обврзала да биде еколошки прифатлива, активистите стравуваат
дека инвестицијата би го загрозила не само локалниот туризам во дрвени колиби
покрај реката Бојана и покрај Велика Плажа, туку и природното живеалиште на птиците што живеат тука.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Трајко Симоновски: Тоше беше Македонија што ја носевме со нас

08/09/2026
Македонија

Котевска за 35 години независност: Треба да го вратиме духот

08/09/2026
Македонија

Авторот на македонското знаме Грчев: Ова знаме има своја визуелна

08/09/2026
Македонија

Хералдичарот Јоновски: Апсолутно немаме хералдички грб, во 1991 година поради

08/09/2026
Македонија

Георгиевски: Само три-четири дена имавме за подготовка на историската прослава

08/09/2026
Македонија

Како се приватизираше македонската економија? Трпески посочи каде бил проблемот

08/09/2026
Македонија

„Киро Глигоров го имаше 001, јас го имав 101“ –

08/09/2026
Македонија

Ноќта кога Македонија стана независна: „Не знаевме колку е големо,

08/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45574
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трајко Симоновски: Тоше беше Македонија што ја носевме со нас низ целиот свет

08/09/2026

„Нека живее и здрава Македонија“ – со оваа порака музичарот Трајко Симоновски од бендот на Тоше Проески го честиташе Денот

Котевска за 35 години независност: Треба да го вратиме духот на заедницата

08/09/2026

Режисерката Тамара Котевска смета дека една од најважните работи за иднината на Македонија е повторно да се изгради чувството на

Авторот на македонското знаме Грчев: Ова знаме има своја визуелна енергија, но треба графички да

08/09/2026

Кога Мирослав Грчев во 1995 година започнал да работи на новото македонско знаме, пред него стоела задача што не била

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy