Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Битолчани доцнат со еколошкиот план – отпадните води ги поплавија роковите
Македонија

Битолчани доцнат со еколошкиот план – отпадните води ги поплавија роковите

22/09/2025

AA

Реката Драгор и натаму ќе служи како депонија за отпадните води на битолчани и индустријата од Пелагонискиот регион. Во оваа река со години се испуштаат фекалиите и индустриските отпадни води од Битола и околните места. На територијата на Општина Битола околу 84% од вкупното население е приклучено на канализацијата, а во градот овој процент изнесува 99. Станува збор за над 30 илјади домаќинства, кои во своите комунални сметки одвојуваат средства и за одлагање на отпадните води и одржување на канализацискиот систем. Сепак, канализационата вода од градот се слева во реката Драгор на излезот од градот, а т.н. Петти канал ги собира непречистените отпадни води од индустријата, кои исто така завршуваат во реката.

За овој долгогодишен проблем на битолчани, кој може негативно да влијае преку контаминација на подземните води и земјоделското земјиште, решението се бараше во изградбата на колекторски систем, рехабилитација на канализационата мрежа и изградба на Пречистителната станица за отпадни води во Битола. Општината во својот Локален еколошки акциски план предвиде проектот да започне со изградба во 2024-тата година и веќе целосно да биде пуштен во употреба во 2027-мата година.

„Дел од идентификуваните проблеми се нецелосна покриеност на територијата на Општина Битола со систем за собирање и одведување на отпадни води, дотраеност и загуби на канализационата мрежа, недостиг на третман на отпадни комунални води, отсуство на предтретман на технолошки отпадни води при испуштање во канализационен систем, излевање на отпадните води по улиците при поројни дождови, заради комбинираната фекална и атмосферска канализација и неизграденоста на ободните канали околу градот за зафаќање на пороите од околните возвишенија. Се препорачува подобрување на собирањето, одведувањето и пречистувањето на отпадните води, спречување на поплавување на улиците при поројни дождови и заштита од поплави“, се истакнува во Планот.

Сепак, наместо веќе да траат градежните активности и Битола да се доближува до европските стандарди, во практика работите се одолговлекуваат. Трошка надеж дека проектот го гледа светлото на крајот на од тунелот предизвика информацијата дека е склучен договор за изградба на пречистителната станица. Локалните власти, но и Министерството за животна средина, соопштија дека реализацијата на пречистителната станица започнува, а изведувачи ќе бидат четири компании здружени во конзорциум. Според властите, овој проект ќе донесе подобри санитарни услови за жителите, ќе ја заштити реката Драгор, Вардарскиот слив и подземните води и ќе обезбеди ефикасен третман на урбаните отпадни води за над 110.000 жители. Но, она што е изоставено е да се изгради канализациската мрежа. Како што информираа од Министерството, допрва ќе се склучи и договор за градежни работи за рехабилитација и надградба на канализационата мрежа во Битола, како дел од целосниот проект за одржливо урбано управување со водите. Јавната набавка со која се планираше изградбата на нова канализациска мрежа е одамна завршена, но се уште не е склучен договор со избраната компанија која ќе го изведува проектот. Па така, во ваква парадоксална ситуација, можеби порано ќе се изгради пречистителната станица, која веројатно ќе фаќа прашина ако не се изгради и канализацијата преку која ќе се спроведува отпадната вода. Дополнително, се ризикува и средствата да бидат повлечени назад. Парите за каналализацијата се обезбедени преку ИПА 2 програмата и на располагање можат да бидат до крајот на годинава. 

„За проектот со пречистителната станица да биде целосен неопходно е напоредно да се работи и на канализациона мрежа, односно да се спроведе и Планот од Директивата за управување со отпадни води. Со него, предвидена е реконструкција на канализационата мрежа во Горно Оризари, за реконструкција на дел од канализационата мрежа во градот Битола, изградба на главни колектори од Битола до главниот прифатен колектор, изградба на пумпна станица и притисочни цевководи за село Кравари, продолжување на канализационата мрежа до Долно Оризари и изградба на пумпна станица со притисочен колектор до Пречистителната станица за отпадни води“, се наведува во Локалниот еколошки акциски план.

Инаку, предвидено е Пречистителната станица да се гради две години со уште дополнителна една година гарантен период.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy