Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Битиќи: Алтернативниот и адреналинскиот туризам го направија Крушево меѓународно препознаена туристичка дестинација
Македонија

Битиќи: Алтернативниот и адреналинскиот туризам го направија Крушево меѓународно препознаена туристичка дестинација

13/05/2023

AA

Крушево денес е препознаена туристичка дестинација за љубителите на адреналинот и алтернативниот туризам како од земјава така и од странство, изјави заменикот на претсетседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи ја посети општина Крушево каде заедно со градоначалникот Томе Христоски, го анализираа сработеното од програмата за поддршка на локалната и регионална конкурентност во туризмот (ПЛРК) финансиран од Европската Унија и Владата на Република Северна Македонија.

„Се радувам кога слушам дека реализираниот проект за реконструкција на спортската сала со околу 45 милиони денари, обезбедени од Европската Унија и Владата на Република Северна Македонија ги привлекува националните тимови и клубовите на висински подготовки овде во Крушево, но и другите туристи кои ги привлекуваат содржините кои ги нуди спортската сала, во која преку проектот за локална и регионална конкурентност во туризмот е поставена карпа со ѕидови за болдеринг и клајмбинг, но и обележените велосипедски патеки со вкупна должина од 40 км, поставените сувенирници на Гумење“, изјави Битиќи откако со градоначалникот Христоски изврши обиколка на реализираните проекти од ПЛРК, преку кој се изврши и опремување и обучување на 13 члена од спасувачката служба, дел од потпроектот Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево.

„Со ова се креирани нови содржини, атрактивни за туристите кои доаѓаат во Крушево не само од земјава туку и од регионот и пошироко што успешно влијае за пораст на туризмот, што пак резултира со зголемување на туристичката понуда и отварање на нови работни места.

Ние немаме море за масивен туризам но имаме прекрасни можности за развивање на алтернативниот туризам, за што љубителите на адреналинот веќе го препознаваат Крушево како една таква дестинација со погодна клима и атрактивни предели“, изјави Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи на крајот додаде дека Владата секогаш ќе поддржува вакви иницијативи, кои нашиот туристички потенцијал ќе го направи меѓународно конкурентен за привлекување на што поголем број туристи и промовирање на земјата како атрактивна туристичка дестинација.

„Бенефитите за македонската економија од инвестициите направени во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност се повеќекратни. Зголемување на бројот на туристите, локални, и туристи од целиот свет, ова пак резултира со потреба за нови работни места, нови можности за развој и поголеми приходи за нашата економија“, рече Битиќи.

Градоначалникот Томе Христоски во неговата изјава рече дека Крушево ја има една од 14-те најуспешни приказни во рамките на проектот ЛРПК, преку кој градот успешно се промовира.

„Проектот ги исполни своите цели. Крушево стана атрактивна, примамлива туристичка дестинација која од ден на ден расте. Има подобрени содржини во неа, маркетинг капацитети и секако и безбедносни. Како резултат на проектот Крушево се здоби со подобрени алатки за придобивање на туристи на меѓународно и национално ниво, како и задоволување на потребите за висок адреналин кои ги бараат гостите. Придобивките се големи, Крушево стана целогодишна, безбедна и атрактивна дестинација за туристи од целиот свет“, изјави Христоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФИЛИПЧЕ Е ФРАКЦИЈА ВО СДСМ И МОРА ДА ЈА ОСЛОБОДИ

26/09/2026
Македонија

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА

26/09/2026
Македонија

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ

26/09/2026
Македонија

РУБИН ЗЕМОН СЀ УШТЕ СЕДИ ВО ПРВ РЕД ВО СДСМ

26/09/2026
Македонија

ИСТРАГА ЗА ИНСПЕКТОРКАТА ЗА ХРАНА ШТО БАРАЛА МИТО Се бара

26/09/2026
Македонија

РОДИТЕЛ НАТЕПАЛ ДРУГАР НА СИНОТ Тинејџерот со повреди бил примен

26/09/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ГРАДИ ЕКСПРЕСЕН ПАТ ОД РАДОВИШ ДО НОВО СЕЛО

26/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ Се

26/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45821
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФИЛИПЧЕ Е ФРАКЦИЈА ВО СДСМ И МОРА ДА ЈА ОСЛОБОДИ ЗАРОБЕНАТА ПАРТИЈА Ивановски му порача

26/09/2026

Венко Филипче и кликата околу него, која што е политичко бизнис профитерска се фракцијата во СДСМ. Членството во огромно мнозинство,

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА Претходно објавил видео на социјалните

26/09/2026

Тетовец осомничен за силување дете сам се пријавил во полиција синоќа откако претходно објавил видео на социјалните мрежи, соопшти полицијата.

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ СЕ ПРИКЛУЧИ ВО ЕУ Европратеникот

26/09/2026

Мислам дека напредокот ви е потребен вам, на вашата земја, за да се движите понатаму и да се развиете во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy