
Бишчан ќе го тренира Ристовски во Динамо Загреб
Човекот кој ја заврши фудбалската кариера во Загреб, овој пат се враќа како тренер во Динамо и ќе се обиде заедно со Стефан Ристовски и останатите фудбалери да ја освои титулата во хрватското првенство.
Бишчан претходно ги тренираше и Рудеш, Олимпија Љубљана и Риека пред да ја преземе селекцијата до 21 година на Хрватска.