Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бесими и Јовески потпишаа Меморандум за соработка за заштита на финансиските интереси на ЕУ во РС Македонија
Економија

Бесими и Јовески потпишаа Меморандум за соработка за заштита на финансиските интереси на ЕУ во РС Македонија

21/06/2023

AA

Со Меморандум за соработка меѓу Министерството за финансии и Јавното обвинителство се зајакнува меѓуинституционалната соработка со цел сузбивање неправилности, измами, корупција и други незаконски активности насочени против финансиските интереси на ЕУ во РС Македонија.

Меморандумот за соработка денеска беше потпишан од страна на министерот за финансии, Фатмир Бесими и јавниот обвинител на РС Македонија, Љубомир Јовески.

Иницијативата за Меморандумите за соработка меѓу Mинистерството за финансии и клучните институции во областа на заштита на финансиските интереси е резултат на добрата пракса во земјите-членки на Европската унија, преку воспоставување на солидна координација на системот за заштита на финансиските интереси на Унијата.

Оттука, Mинистерството за финансии како координатор на системот за заштита на финансиските интереси на Европската Унија ја иницираше потребата од потпишување на меморандуми за соработка од областа на заштита на финансиските интереси на ЕУ во РС Македонија. Меморандумите се подготвуваа во рамки на ИПА Твининг проектот „Зајакнување на функциите на буџетско планирање, извршување и внатрешна контрола“, со поддршка на експерти од Хрватска и Латвија.

„Верувам дека со координација на клучните институции ќе се зајакне соработката во областа на заштита на финасиските интереси посебно од аспект на размената на информации, меѓусебна обука и едукација, споделување на најдобрите практики преку учество на заеднички состаноци во рамките на Системот за заштита на финансиските интереси на ЕУ, како и подигнување на јавната свест преку заеднички комуникациски активности во областа на спречување на неправилности и измами и координација со цел да се избегне удвојување на дејствијата“ – истакна министерот Бесими.

Покрај Јавното обвинителство, Меморандум за соработка со Министерството за финансии денеска беше потпишан и од страна на директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов и главниот ревизор во Ревизорското тело за ревизија на инструментот ИПА, Адем Цури, како институции кои се исто така клучни за ефикасна и ефективна заштита на финансиските интереси на Европската Унија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА Полицијата приведе осум лица,

17/02/2026
Македонија

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП

17/02/2026
Македонија

Реките се полнат, Вардар и Треска неколкупати над просекот: Поплавените

17/02/2026
Македонија

МУРТЕЗАНИ ВО БРИСЕЛ, МАНГОВА ВО ЛОНДОН, ИЉАЗОСКА ВО ХАГ… Владата

17/02/2026
Македонија

Владата ја „освежува“ дипломатијата: Орхан Муртезани оди во НАТО, Илина

17/02/2026
Македонија

„Повредата на данскиот скијач не се случи на патека под

17/02/2026
Македонија

СИНДИКАТОТ БАРА НЕШТО ШТО СДСМ 7 ГОДИНИ НЕ МУ ГО

17/02/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова на средба со Никол Варнс: САД остануваат стратешки партнер

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41591
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА Полицијата приведе осум лица, еден бил и пијан

17/02/2026

Осум возачи биле приведени во текот на вчерашниот ден во различни градови низ државата поради сериозни прекршоци во сообраќајот. Седуммина

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП Ги злоупотребуваа државните ресурси, а

17/02/2026

СДСМ повторно покажува дека нема никаква визија и идеја за развој на Македонија,  без идеи секојдневно растура пердуви во јавноста

Реките се полнат, Вардар и Треска неколкупати над просекот: Поплавените подрачја се санираат!

17/02/2026

Обилните врнежи од дожд предизвикаа драстичен пораст на нивото на реките низ целата држава, оставајќи ги надлежните служби во состојба

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy