Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бесими: Државата во моментов субвенционира 1,5 проценти од каматите за бизнисот
Економија

Бесими: Државата во моментов субвенционира 1,5 проценти од каматите за бизнисот

19/11/2024

AA

Поранешниот министер за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за „360 Степени“ вели дека во моментов бизнисите добиваат поволни кредити од Европската инвестициска банка, а администрирани од домашните деловни банки,по каматна стапка од 3,5 отсто,а 1,5 отсто од овој дел е субвенциониран од државата.

Ова Бесими го одговори во контекст на тенденцијата Владата преку Развојна банка да пласира 250 милиони евра од унгарскиот кредит со камтна стапка од 3,25 отсто, односно онолку колку што е каматата за позајмицата од Унгарија, додека домашните банки да бидат општествено одговорни и да не бараат ништо за возврат за администрирањето.

Европската инвестициска банка,според поранешниот министер, во последниот договор со Развојна банка,има позајмено 100 милиони за кредитирање на македонскиот бизнис, од кои 87 милиони евра од тие пари веќе се пласирани во стопанството.

– Ако 3,5% е каматата на позајмицата и на стопанството му се сервисира истата каматна стапка, разликата за трошоците на банките е 1,5% од каматната стапка. Тоа се покрива преку Развојната банка делумно за да не биде товар на буџетот, а ако Развојната банка нема таква рентабилност, тогаш разликата во каматата се компензира од буџетот,вели Бесими.

Тоа значи дека во моментот фирма може да земе кредит од комерцијална банка од оваа кредитна линија со камата од 3,5%, на 10 години и од каматата од 3,5%, 1,5 отосто го субвенционира Владата.

– Има периоди кога Владата, има периоди кога Развојната банка од својот капитал. Ако таа има повеќе приходи, самата Развојна банка го субвенционира. Тоа е и целта на Развојната банка. Таму има и други инструменти, не е само кредитирањето. Имате развоен фонд што беше основан фонд за енергетска ефикасност и гарантен фонт, гарантната шема е многу ефикасна и многу мал трошок за буџетот и за банката, а де факто им дава можност на фирмите, тоа што банките имаат потреба за дополнителна гаранција, да се гарантира од државата и, на крај, таму мултипликативниот фактор е 6, што значи 6 пати се зголемува кредитната способност или пристапот до кредитите на фирмите преку банкарскиот сектор, додава тој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради протест

17/02/2026
Македонија

Армијата ќе се засилува со нови 300 припадници

17/02/2026
Македонија

ОД СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ЛЕТА ЗА ПАЛЕРМО И ЗА САРДИНИЈА

17/02/2026
Македонија

ТАВ Македонија и Виз ер најавуваат: Од јули директни летови од

17/02/2026
Македонија

ЦУК: Нема нови излевања во Тетово, 250 лица сместени во

17/02/2026
Македонија

НЕМА НОВИ ПОПЛАВИ И ОДРОНИ Се испумпува водата од поплавата

17/02/2026
Македонија

ПОРАДИ СНЕГ ВОВЕДЕНА Е ЗАБРАНА ЗА КАМИОНИ НА СТРАЖА На

17/02/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ПУКА КАЈ РАДОЖДА, ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАНИЧАТ! Воена

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41550
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради протест

17/02/2026

Денеска (17.02.2026) со почеток од 11:00 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред

Армијата ќе се засилува со нови 300 припадници

17/02/2026

Министерството за одбрана се подготвува за нов бран вработувања во Армијата. Наскоро ќе биде објавен конкурс за прием на 300

ОД СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ЛЕТА ЗА ПАЛЕРМО И ЗА САРДИНИЈА Две нови линии од јули

17/02/2026

Убави вести за сите што сакаат да патуваа, како и за сите што сакаат да ја посетат Македонија. Две нови

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy