Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бектеши: Прифатливо е АД ЕСМ да купува струја од фотонапонските централи
Економија

Бектеши: Прифатливо е АД ЕСМ да купува струја од фотонапонските централи

19/05/2023

AA

Министерот за економија Крешник бектеши денеска пред медиумите рече дека за Владата е прифатливо барањето на Стопанската комора на РСМ во иднина АД ЕСМ да откупва електрична енергија од фотонапонските централи на слободниот пазар.

Стопанската комора денеска во едно од нејзините девет енергетски барања предлага АД ЕСМ, со поддршка на Владата како негов единствен и целосен сопственик, да го конципира производството од термоелектраните според цената на мазутот и јагленот, односно доколку во следниот период кога ќе порасне производството на евтина електрична енергија од фотоволтаици, АД ЕСМ да се насочи кон откуп на таква енергија, наместо производство на поскапа електрична енергија од термоелектраните.

„Претходната мерка за вклучување во работа на сите електрани веќе нема ефект во услови на зголемено производство од обновливи извори (фотоволтаични централи) и затоа треба да се следи состојбата со цените на електричната енергија и енергенсите да одлучува дали и кога е исплатливо да се вклучат одредени домашни енергетски капацитети, а кога да се увезе евтина енергија“, гласеше коментарот на едно од барањата на комората.

Бектеши речиси истовремено потврди дека за Владата овој потег е економски логичен во тајминзите кога производството на електрична енергија е поевтино од фотонапонските централи откако од термоелектраните.

– Во делот на фотонапонски централи кои работат во нашата држава и тука се лоцирани, тоа ние како Економија веќе сме го предложиле и се прави анализа во делот на капацитетите, во делот на дијаграмот кога таа електрична енергија може да се предаде на пазарот и да се стави во мреж. Имајќу ги во предвид анализита на тоа колку се трошоците моментално на електраните, вклучувајќи го тука и ТЕЦ Неготино, и колку би биле трошоците ако се откупува електричната енергија произведена од фотонапонските централи кои се на слободен пазар, секако дека согласно економската оправданост, ние таква одлука ќе донесеме како Влада во целина, затоа што АД ЕСМ има можност, согласно нивната структура, да се занимава со откуп и продажба на струја, изјави денеска министерот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА

26/09/2026
Македонија

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ

26/09/2026
Македонија

РУБИН ЗЕМОН СЀ УШТЕ СЕДИ ВО ПРВ РЕД ВО СДСМ

26/09/2026
Македонија

ИСТРАГА ЗА ИНСПЕКТОРКАТА ЗА ХРАНА ШТО БАРАЛА МИТО Се бара

26/09/2026
Македонија

РОДИТЕЛ НАТЕПАЛ ДРУГАР НА СИНОТ Тинејџерот со повреди бил примен

26/09/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ГРАДИ ЕКСПРЕСЕН ПАТ ОД РАДОВИШ ДО НОВО СЕЛО

26/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ Се

26/09/2026
Македонија

ЛЕВИЦА ЌЕ ПРИСУСТВУВА НА ТРИБИНА НА ПЛАТФОРМАТА 12.05 Мециновиќ ќе

26/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45820
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА Претходно објавил видео на социјалните

26/09/2026

Тетовец осомничен за силување дете сам се пријавил во полиција синоќа откако претходно објавил видео на социјалните мрежи, соопшти полицијата.

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ СЕ ПРИКЛУЧИ ВО ЕУ Европратеникот

26/09/2026

Мислам дека напредокот ви е потребен вам, на вашата земја, за да се движите понатаму и да се развиете во

РУБИН ЗЕМОН СЀ УШТЕ СЕДИ ВО ПРВ РЕД ВО СДСМ Нели негаторот на Гоце Делчев

26/09/2026

Рубин Земон, човекот кој го негираше македонскиот идентитет сѐ уште е член на Централниот одбор на СДСМ, реагира ВМРО-ДПМНЕ. „На

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy