Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бектеши: Пакетот закони за изградба на коридорите 8 и 10 д ќе се усвојат, проектот ќе се реализира
Македонија

Бектеши: Пакетот закони за изградба на коридорите 8 и 10 д ќе се усвојат, проектот ќе се реализира

19/05/2023

AA

Пакетот закони за изградба на коридорите 8 и 10 д ќе се усвојат и проектот ќе се реализира, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Одговарајќи на новинарски прашања во однос на очекувањата од Државната комисија за спречување корупција да реагира за предложените законски измени, на одбележувањето на Денот на метрологијата – 20 Мај, Бектеши рече дека враќање назад нема и оти тоа е завршена работа.

– Имаме една од најголемите реномирани компании која ќе биде изведувач, а тоа е компанијата „Бехтел“ во конзорциум со „Енка“. Во делот на ДКСК јас секако би сакал само да ги повикам да бидат поекспедитивни имајќи во предвид дека веќе го имаат договорот и да излезат со нивните наоди. Значи, има институции – ДКСК, обвинителство па и другите институции нека си ја завршат својата работа, порача Бектеши.

Владата, нагласи, ги завршила своите работи, сега законите се во Собрание и очекуваат пратениците што побрзо да ги усвојат.

– Веќе неколку закони колку што сум информиран се поминати во комисиите и чекавме на нивното гласање и да почнеме да работиме што ќе влијае позитивно и во делот на економијата. Имајќи предвид дека над 51 отсто од договорот ќе се реализира од домашни компании, а ние очекуваме тоа да биде и над 70 отсто, посочи Бектеши.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток

27/09/2026
Македонија

ЗЕМЈОТРЕС ЈА ЗАТРЕСЕ ПРЕСПА Потресот почувствуван во Битола и во

27/09/2026
Македонија

НЕ БЕГАМЕ ОД ОДГОВОРНОСТА, ИЗЛЕГУВАМЕ ПРЕД ГРАЃАНИТЕ СО ОТЧЕТ Димитриевски

27/09/2026
Македонија

88-ГОДИШНИК СТРУЖАНЕЦ НАСАМАРЕН ЗА 300.000 ДЕНАРИ Му ветиле награда, а

27/09/2026
Македонија

„ВИДОВМЕ МАЛА ГРУПА НА ПУЧИСТИ, ЛУЃЕ ОД ЗНАМ И ЛЕВИЦА“

27/09/2026
Македонија

ВО ОПОЗИЦИЈАТА СЕ СЛУЧУВА ЦИРКУС Петрушевски му порача на Филипче

27/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА СÈ ПОПРИВЛЕЧНА ЗА СТРАНЦИТЕ Турците најбројни, Германците и Србите

27/09/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ СО НОВА ПОРAКА ДО ФИЛИПЧЕ Престанете да обвинувате други

27/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45834
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток одговор од „12:05“ по прес-конференцијата

27/09/2026

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ реагираше на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека со

ЗЕМЈОТРЕС ЈА ЗАТРЕСЕ ПРЕСПА Потресот почувствуван во Битола и во околината

27/09/2026

Земјотрес со локална магнитуда од 3,3 степени според Рихтеровата скала денеска во 14 часот и 4 минути ја затресе областа

НЕ БЕГАМЕ ОД ОДГОВОРНОСТА, ИЗЛЕГУВАМЕ ПРЕД ГРАЃАНИТЕ СО ОТЧЕТ Димитриевски со порака од Гевгелија

27/09/2026

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска во Гевгелија продолжи со средбите со граѓаните под мотото ‘Две години работа. Две

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy