Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бектеши: Повластениот данок за пелети беше само времена мерка
Економија

Бектеши: Повластениот данок за пелети беше само времена мерка

14/07/2023

AA

На повеќе од 40 илјади домаќинства што се греат на пелети им се заканува нов ценовен шок, откако Владата на последната седница реши да ја зголеми даночната стапка за прометот и увозот на пелети, печки на пелети и котли на пелети од повластената стапка од 5 на редовната стапка од 18 проценти.

Министерството за економија во повиците до граѓаните да се загреваат на пелети нудеше субвенции, а министерот за економија Крешник Бектеши за прв пат по ова прашање коментираше во јавност и рече дека данокот од 5 отсто било само времена мерка.

– Имаме Закон за трговија. Имаме Закон што ги утврдува овие работи. Мерките кога ги носевме, тоа беа времени мерки кои се однесувале за справување со одредени кризи, почнувајќи од пандемијата, енергетската криза, па ценовната криза… во одредени моменти кога имаше дисбалансирање на пазарот за одредени производи, вклучувајќи ги и пелетите, а ние не сме големи производители на пелети во државата. Главно сме увозно зависни и затоа секој ден, во секој момент, ако се забележи злоупотреба на цените за одредени производи – во овој случај на пелетите – или пак, неодржливост за граѓаните што користат пелети, тогаш Министерството за економија на првата владина седница може да ја укине целосно, како што тоа било направено и претходно преку т.н. автономни мерки, рече Бектеши на едно од прашањата во интервјуто за Гласот на Америка.

Своевремено Министерството за економија повикуваше да се инвестицира во печки на пелети, а потоа владата донесе мерка со која се зголемува данокот. Според Бектеши, самите овие инвестиции им ги намалуваат долгорочно трошоците на граѓаните.

– Многу едноставно. Логиката е во енергетска ефикасност и во заштеда на електрична енергија, имајќи предвид дека цел свет се справува со енергетската криза. Вградувањето на пелетите и котелите со пелети – инвестирањето во енергетски ефикасни технологии значи заштеда на електрична енергија, помалку трошоци за граѓаните, особено за тие кои имаат повеќе потреба, додава тој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СДСМ И ВЕНКО ПРВО ДА НАУЧАТ КОЈ Е НАДЛЕЖЕН ЗА

08/11/2026
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ И ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник

07/11/2026
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ, ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ, ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли

07/11/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ШАЛТЕРИТЕ НА АЛТА БАНКА ВО ТЕТОВО И

07/11/2026
Македонија

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ САМО НА МАКЕДОНСКИ, НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ БЕЗ РЕЦИПРОЦИТЕТ

07/11/2026
Македонија

СОСТАНОК ВО ВЛАДАТА ЗА РЕФОРМСКАТА АГЕНДА Институциите се координираат за

07/11/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ТРЕБА ДА ОДГОВАРА ЗА САБОТАЖА Сака немири во Македонија,

07/11/2026
Македонија

ТРАЈНА Е МИСИЈАТА ЗА ПОМАЛКУ ШАЛТЕРИ, ПОБРЗИ ПОСТАПКИ И ЗА

07/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46651
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СДСМ И ВЕНКО ПРВО ДА НАУЧАТ КОЈ Е НАДЛЕЖЕН ЗА БАНКИТЕ Наместо да шират неоснована

08/11/2026

СДСМ и нејзиниот претседател Венко Филипче треба прво да научат кој е надлежен за банкарскиот систем, наместо да шират паника

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ И ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли до 20 степени

07/11/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Во попладневните часови и во

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ, ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ, ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли

07/11/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Во попладневните часови и во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy