Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Касетните бомби пристигнаа во Украина од САД: „Ова може радикално да ја промени ситуацијата на фронтот“
Македонија

Касетните бомби пристигнаа во Украина од САД: „Ова може радикално да ја промени ситуацијата на фронтот“

14/07/2023

AA

Касетните бомби испуштаат стотици помали бомби кои, неексплодирани, можат да останат во земјата и да претставуваат опасност за цивилите долго по завршувањето на конфликтот.

Вооружените сили на Украина веќе добија спорна касетна муниција ветена од Вашингтон на Киев дека ќе и помогне во нејзината контраофанзива против руските сили, изјавија во четвртокот воени претставници од двете земји.

„Штотуку го добивме, сè уште не сме го користеле, но може радикално да ја промени ситуацијата на бојното поле“, рече Олександар Тарнавски , командант на контраофанзивата на југот на земјата, во интервју за американската телевизија Си-Ен-Ен.

САД минатата недела објавија дека ќе го испратат оружјето во Украина, и покрај загриженоста за долгорочните последици за цивилното население.

„Непријателот разбира дека со добивањето на оваа муниција ќе добиеме предност“, додаде Тарнавски, посочувајќи дека украинската армија нема да ја користи во густо населените места.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека одлуката за испраќање касетни бомби во Украина е „тешка“, но посочи дека на Киев му требаат дополнителни количества оружје за да ги наполни празните складишта и дека самите САД почнуваат да остануваат без конвенционална муниција.

Касетните бомби испуштаат стотици помали бомби кои, неексплодирани, можат да останат во земјата и да претставуваат опасност за цивилите долго по завршувањето на конфликтот.

Тие се забранети во многу земји, вклучително и европските земји потписнички на конвенцијата од Осло во 2008 година. Русија, Украина и САД ја немаат потпишано таа конвенција.

Кремљ веќе се закани со „контрамерки“ доколку Киев ги употреби овие бомби против руските војници во Украина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Шасивари: Борбата против криминалот и корупцијата во затворите е приоритет

02/09/2026
Македонија

Метеоаларм: Невреме со силен ветер и град ја зафаќа Македонија

02/09/2026
Македонија

Скопје доби градски воз, Ѓорѓиевски: Ова е новото Скопје што

02/09/2026
Македонија

Невреме со пороен дожд, силен ветер и град – УХМР

02/09/2026
Македонија

14-годишник возел мопед во спротивна насока и побегнал од полицијата

02/09/2026
Македонија

Авионско прскање против ларви од комарци во Скопје во сабота

02/09/2026
Македонија

Австралија со предупредување за патување во Македонија поради Западнонилската треска

02/09/2026
Македонија

Запленети 4.000 метри мрежи и 117 килограми риба од Охридското

02/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45394
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy