Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бехтел и Енка градел поевтино во Србија и Косово, автопатите во Македонија ќе чинат поскапо
Економија

Бехтел и Енка градел поевтино во Србија и Косово, автопатите во Македонија ќе чинат поскапо

13/03/2023

AA

Безмалку 12 милиони евра по километар ќе чини изградбата на автопатите по Коридорот 8 и Коридорот 10д, а министерот за трaнспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, тврдат дека, по актуелните цени, тоа е многу поевтино во однос на тарифите кои важеле порано во регионот.

Од четирите делници кои ќе ги гради конзорциумот Бехтел и Енка, под надзор на консултантот ИРД Инженеринг, најскапа и најкомплицирана ќе биде делницата Гостивар – Букојчани, за чие проектирање и изградба ќе се платат 560 милиони евра за 30,3 километри. Тоа би било 18,6 милиони евра по километар. Понатаму, за делницата Требениште – Струга ќе се платат 360 милиони евра за 20,7 километри. За Прилеп – Битола ќе се потрошат 260 милиони евра за 39,4 километри, додека најлесна ќе биде изградбата Тетово – Гостивар, каде што ќе се искористи постоечката траса и ќе се платат 125 милиони евра за 17,5 километри. Податоците денеска пред медиумите ги изнесе консултантот.  Вкупната сума на целиот проект изнесува, како што е познато, 1,3 милијарди евра без експропријацијата. Излегува дека еден километар во просек ќе чини 12 милиони евра.

Од „Државни патишта“ пред јавноста беше претставена табела за споредба на која може да се види дека изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица чинела 7,79 милиони евра по километар во 2018, што е многу поевтина реализација од грчки „Актор“.

– Да, но арматурата тогаш беше 0,5евра по килограм, а сега е 1,5 евра. Цемент вреќа беше 3/4 евра, а сега е 8/9 евра. Битуменот е двојно поскап, работната рака исто двојно поскапа во споредба со тогаш, рече советникот Зоран Сламков.

Автопатот Приштина – Скопје, кој го градел истиот оператор – Бехтел и Енка, чинел 10,7 милиони евра по километар по цени од 2019. Истата компанија го градела и автопатот Појате – Прељина во Србија во должина од 112 километри, а еден чинел 6,77 милиони евра по километар по цена од 2020.

Автопатот Подгорица – Матошево во 2021 што го изградила компанијата Power China чинел 20 милиони евра по километар. Автопатот Блград – Сараево во 2021 чинел 13,9 милиони евра по километар, додека Владичин Хан – Грделичка Клисура изнесувал безмалку 11 милиони евра по километар. Најевтините автопати ги градел македонскиот „Гранит“ – во БИХ за околу 5,5 милиони евра во просек во 2018 кога ги реализирал двете делници Бања Лука – Прњавор и Прњавор – Добој.

Дарко Спировски, претставникот од консултантот ИРД Инженеринг, вели дека сумата се темели на иницијален дизајн, а допрва треба основниот проект да покаже колкави ќе бидат трошоците.

– Моделот на Бехтел и Енка овозможува брза изградба, а има и физибилити студија изработена од Градежниот факултет од која може да се процени колку ќе чини се заедно. Основните проекти ќе се прават посебно за секоја делница по што сумата ќе може да се зголеми или намали. Најкомплициран по ова прашање е делот Гостивар – Букојчани, бидејќи се работи за планински предел, рече Спировски.

Неофицијално, Бехтел и Енка месецов преку државниот буџет ќе го добие првиот трансфер на авансна исплата со која ќе треба да започне да работи, најпрво на делниците Тетово – Гостивар и Прилеп – Битола, а првата сума што ќе ја добие ќе биде најверојатно повеќе од 80 милиони евра.

Александар Кузмановски

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Истекува законскиот рок за истрага, Артан Груби пред укинување на

07/08/2026
Македонија

Зголемена казната на 20 години затвор за Илија Панов за

07/08/2026
Македонија

Народниот правобранител отвори предмет за водата во Гостивар оти добиените

07/08/2026
Македонија

Во кругот на противпожарните служби во Кочани повторно направена мини-депонија

07/08/2026
Македонија

„Чекаме срце за мојот 23-годишен син – да донираме и

07/08/2026
Македонија

Преседан во Правосудството: Уставниот суд го извести Обвинителството за неизвршена

07/08/2026
Македонија

Лекот „Фостер“ повторно достапен во аптеките без доплата за пациентите

07/08/2026
Македонија

МЗ покренува стручен надзор со странски експерт за компликациите кај

06/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44898
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Истекува законскиот рок за истрага, Артан Груби пред укинување на куќниот притвор доколку нема обвинение

07/08/2026

Шестиот и последен месец од законски предвидениот рок за истрагата против поранешниот вицепремиер од редовите на ДУИ, Артан Груби, истекува

Зголемена казната на 20 години затвор за Илија Панов за свирепото убиство на Сузана Серенакова

07/08/2026

Скопскиот Апелационен суд ја преиначи првостепената пресуда за Илија Панов од Кавадарци и му ја зголеми затворската казна од 16

Народниот правобранител отвори предмет за водата во Гостивар оти добиените извештаи биле нецелосни

07/08/2026

Народниот правобранител отвори предмет по сопствена иницијатива за кризата со загадувањето на водата за пиење во Општина Гостивар, за да

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy