Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТОШКОВСКИ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ОГРОМНИОТ БРОЈ НЕРАБОТНИЦИ Полицијата ќе ги контролира боледувањата
Македонија

ТОШКОВСКИ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ОГРОМНИОТ БРОЈ НЕРАБОТНИЦИ Полицијата ќе ги контролира боледувањата

23/09/2026

AA

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека ќе се прават контроли во домовите на лица кои се на боледување за да се сузбијат злоупотребите на боледувањата, но мерките целосно ќе ги почитуваат човековите права и ќе бидат во законските рамки.

– Не сум ја слушнал изјавата на директорот, но сигурен сум дека со кој било чекор којшто би го презеле во иднина, апсолутно ќе бидат почитувани човековите права и во никаков случај, ниедно човеково право нема да биде загрозено од страна на ниедна институција во државата. А од аспект на контрола и од аспект на потреба од подобар институционален одговор во дел од огромната злоупотреба на боледувањата којашто ние ја имаме, сите знаеме дека во изминативе години, не две, пет, десет, од самата независност на државата, имаме катастрофални злоупотреби од одредени чинители во рамки на овој дел од државниот апарат, од огромен број граѓани и од огромен број неработници, како во рамки на државните институции, така во рамки на приватните институции – рече Тошковски.

Тој додаде дека секој граѓанин треба чесно, совесно и одговорно да работи.

– Како што ние денеска сме тука на работа и работиме, како што вашиот колега ги држи микрофоните, а не е на боледување, а е способен да ги држи, како што вие сте способни да поставувате прашања, а јас да одговорам, така секој еден во рамки на она коешто е способен да го сработи треба да го сработи чесно, совесно и одговорно, а не да оди на боледување кога ќе му текне – рече министерот.

Тој додаде дека сите мерки кои ќе се преземаат во насока на контрола на боледувањата треба да бидат согласно Уставот, законите, Европска конвенција за човекови слободи и права, сите меѓународни конвенции.

По барање на МВР, ФЗО во втората половина на 2025 година контролирал 80 вработени во полицијата кај кои биле евидентирани вкупно 514 боледувања. Неправилности биле утврдени кај 29 лица, односно кај речиси 37 проценти од контролираните вработени. Од вкупно 514 проверени боледувања, 100 биле оценети како неуредно или неправилно издадени – околу 19,5 проценти. Контролата опфатила и 105 приватни здравствени установи, најголем дел ординации по општа медицина.

ФЗО тогаш објави и примери што укажувале на заобиколување на системот. Во еден случај вработен во период од година и половина четирипати го менувал матичниот лекар, а во друг биле користени последователни боледувања со различни дијагнози.

Анализа на боледувања се прави и во Министерството за одбрана, а како што истакна директорот на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински минатата недела, и тој процес е при крај.

Перински минатата недела најави построги контроли на боледувањата нагласувајќи дека до Управниот одбор ќе биде предложена предлог-измена на Правилникот за боледување, со цел да се осигура дека средствата што ги исплаќаат стигнуваат до оние на кои им се најпотребни, како и за да се зајакнат механизмите што ќе овозможат превенција на потенцијална злоупотреба на боледувањата.

Тој додаде дека контроли ќе се вршат по пријава на работодавачите, но и по случаен избор. Доколку контролорот не го најде осигуреникот дома, ќе биде оставен документ со кој лицето се упатува да се јави пред лекарска комисија и да даде образложение, а за тоа ќе биде известен и работодавачот.

Директорот на ФЗО истакна дека само во текот на август Фондот исплатил над 623 милиони денари за боледувања, од кои 414 милиони денари се издвоени за породилни отсуства, а преостанатиот дел за други боледувања.

​ФЗО за 2026 година во рамките на својот буџет има предвидено 6 милијарди 454 милиони денари средства, што се наменети за боледувања и породилни отсуства.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ШАСИВАРИ ЌЕ ГО ПРЕЗЕНТИРА РЕШЕНИЕТО ЗА ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ Во октомври

23/09/2026
Македонија

ТОШКОВСКИ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ОГРОМНИОТ БРОЈ НЕРАБОТНИЦИ Полицијата ќе

23/09/2026
Македонија

КРИЕ ЛИ НИКОЛОВСКИ ДУПЛЕКС СТАН ОД 180 КВАДРАТИ ВО ДАЈМОНД

23/09/2026
Македонија

ЛЕКОВИТЕ ТРЕБАЛО ДА СТИГНАТ И НАДВОР ОД МАКЕДОНИЈА Тошковски откри

23/09/2026
Македонија

🎥 ПАДНА СНЕГ НА ПЕЛИСТЕР Копаоник обеле на последниот ден

23/09/2026
Македонија

ЗАЕВЦИ ВО ЊУЈОРК ГИ НОСЕЛЕ И КУЧИЊАТА И СОВЕТНИЦИТЕ „Епската“

23/09/2026
Македонија

680 КИЛОГРАМИ КАНАБИС ВО СКРИЕНА ПАРЦЕЛА Полицијата откри нелегална плантажа

23/09/2026
Македонија

ТОШКОВСКИ СО ПОРАКА ЗА ЕВРОПСКИОТ ПАТ „Не само да говориме

23/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45744
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ШАСИВАРИ ЌЕ ГО ПРЕЗЕНТИРА РЕШЕНИЕТО ЗА ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ Во октомври ќе одржи средба со студентите

23/09/2026

Министерот за правда Јетон Шасивари во првата половина на октомври ќе ги повика на консултативно-информативна средба студентите и деканите на

КРИЕ ЛИ НИКОЛОВСКИ ДУПЛЕКС СТАН ОД 180 КВАДРАТИ ВО ДАЈМОНД МОЛ? Одел ли на шишање

23/09/2026

Пратеникот Љупчо Николовски не се појави во судница, зошто не знам, и не дојде со факти против фактите кои јас

ЛЕКОВИТЕ ТРЕБАЛО ДА СТИГНАТ И НАДВОР ОД МАКЕДОНИЈА Тошковски откри дека дел биле за нашиот,

23/09/2026

Дел од нелегално внесените лекови што беа запленети во полициската акција против организирана криминална група биле наменети за продажба во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy