Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БЕГ наплатил 26 милиони евра со двајца вработени на крајот од годината
Економија

БЕГ наплатил 26 милиони евра со двајца вработени на крајот од годината

03/08/2023

AA

Балкан Енерџи Груп, со само двајца вработени на крајот на минатата година, успеал да наплати 26 милиони евра во 2022 како поранешен оператор со загревањето на скопјани со топлинска енергија. Една година претходно имал вкупно 315 вработени.

Наплатата е помала за 100 милиони денари во однос на една година претходно, иако БЕГ во меѓувреме ги загуби трите лиценци за снабдување, дистрибуција и производство на топлинска енергија. Од друга страна, консолидираниот ревизорски извештај објавен на „Македонска берза“ покажува дека трошоците биле повисоки, најмногу поради енергетската криза, и тоа довело до загуба поголема од 3,8 милиони евра.

На крајот од минатата година останале ненаплатени уште 500 милиони денари, а БЕГ иако ги загуби лиценците, оставил уште двајца вработени на платен список за да се погрижат да бидат подмирени сите сметки од потрошувачите пред евентуалната ликвидација. Покрај од домаќинставата и фирмите, добро одела наплатата и од државните институции. Обврските од државата се намалиле од 88 на 24 милиони денари за една година.

„На ден 23.01.2023 година беа одјавени сите, освен двајца вработени во Друштвото, а со денот
на престанокот на работниот однос, на вработените кои беа одјавени им беше исплатена
испратнина согласно член 97 од Законот за работните односи.
Се појави потреба од задржување на две работни места во Друштвото од причина што
Друштвото Снабдување со топлина БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје ќе продолжи со наплата на
побарувањата за топлинската енергија која беше испорачана на потрошувачите во периодот кога
поседуваше лиценца за снабдување со топлинска енергија. Обврска на работниците е
извршување на неопходните задачи во Друштвото. Работниот однос Друштвото го продолжи на
двајца работници, вработени на работно место правник за застапување и референт за
фактурирање“, реферираат од БЕГ во извештајот.

На крајот на март беше обелоденето дека БЕГ останува должен со 285 милиони денари, или околу 4,6 милиони евра, обврска кон државата по заемот што го доби со настапувањето на енергетската криза. БЕГ во меѓувреме се откажа од дејноста поради финансиски проблеми и ги загуби лиценците. Балкан Енерџи Груп остана должник на државата, по основ на субвенционирани средства од страна на Владата за набавка на природен гас кој е потребен за производство на топлинска енергија, а во меѓувреме цените на овој енергенс значително поскапеа.

Во меѓувреме ЕСМ со посредништво на Регулаторната комисија за енергетика треба да направи „компензациски договор“ со БЕГ и да се обиде да ги наплати обврските од август па натаму.  ЕСМ и БЕГ за грејната сезона 2021/2022 склучија Договорот за Деловно Техничка соработка во јануари 2022 година. Враќањето на средствата кон ЕСМ требаше да се реализира најдоцна до усвојување на годишната завршна сметка за 2022 година за БЕГ, односно март 2023 година.

Во меѓувреме АД ЕСМ по задолжение од Владата ја презема дејноста и обврската за обезбедување парно греење за градот Скопје, но не го презема во пакет правното лице БЕГ, ниту целосно вработените.  Од како Владата реши да го земе под свое парното во Скопје, ја задолжи државната енергетска компанија ЕСМ да формира три компании за топлинска енергија: за производство, дистрибуција и снабдување. 

БЕГ е во сопственост на руската BITAR HOLDINGS LIMITED

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и

28/09/2026
Македонија

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема

28/09/2026
Македонија

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели

28/09/2026
Македонија

ШЕСТ ЛИЦА УАПСЕНИ ПОД СОМНЕНИЕ ЗА ТЕРОРИЗАМ Неофицијално пронајдени снајперски

28/09/2026
Македонија

САКАМЕ РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА, НО МОРА ДА ИМА ПРЕДВИДЛИВОСТ Муцунски

28/09/2026
Македонија

📽️ ГЛИНЕНИ ГУЛАБИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА СРПСКОТО ПОДЗЕМЈЕ Најмалку 16

28/09/2026
Македонија

СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПРИЗНА ДВЕ УБИСТВА, ЗА ДВЕ

28/09/2026
Македонија

ИЗЛЕТАЛ СО КАМИОН ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ Тешка сообраќајна несреќа

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45856
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и водоснабдување до дигитални услуги

28/09/2026

На вечерашниот митинг во Општина Брвеница, во рамките на предвремените локални избори, под слоганот „Една Брвеница за сите! Да ја

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема температурна разлика низ земјава

28/09/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува во поголемиот дел од земјава, а во југоисточните делови ќе има услови

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели дека тие се само за

28/09/2026

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва на митингот на партијата во Брвеница ја обвини СДСМ дека се противи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy