Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бебе родено во првите минути од денешната 100-годишнина од Република Турција ќе го носи името на нејзиниот основач
Македонија

Бебе родено во првите минути од денешната 100-годишнина од Република Турција ќе го носи името на нејзиниот основач

29/10/2023

AA

Бебе родено во Истанбул во раните утрински часови денеска, кога Турција одбележува 100 години од основањето како република, го доби името „Ата“, по основачот на републиката Мустафа Кемал Ататурк, јави турската телевизија Хабертурк.

Родителите не ја криеја радоста поради тоа што нивниот син се роди со доаѓањето на овој важен датум.

„Многу сме среќни што се совпадна со 29 октомври. Кога ја слушнавме веста од нашиот лекар, веднаш почнавме да размислуваме за името. Се одлучивме за „Ата“ како најсоодветно име“, вели тато Ердем Озтурк.

Мајката Јагмур Озтурк му посака на малиот Ата да биде „добар син на татковината и нацијата, како што доликува на неговото име“.

„Ата“ на турски значи „татко, предок“.

Мустафа Кемал, основачот на Турската Република, го усвои името „Ататурк“ (Татко на Турците) откако беше донесен закон во 1934 година со кој презимињата беа задолжителни во земјата. Ова е една од реформите на Мустафа Кемал спроведена во социјалната сфера. На 17 декември 1934 година бил издаден друг закон со кој се забранувало користење на презимето „Ататурк“ од други лица.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Долги колони утрово на граничните премини кон Грција: се чека

20/06/2026
Македонија

Списокот за новиот владин кабинет до 1 јули пред пратениците,

20/06/2026
Македонија

Железницата запира: Десет дена без возови кон Велес, Битола и

20/06/2026
Македонија

Коалицијата „Менуваме“ најавува протест и бара правда за лицата со

20/06/2026
Македонија

Алиу: Еден вработен куца електронска картичка за петмина колеги во

20/06/2026
Македонија

Кои се клучни приоритети на Националната стратегија за спречување на

20/06/2026
Македонија

Новиот руски амбасадор се сретна со Архиепископот Стефан

20/06/2026
Македонија

5 лица во бегство по аферата во ФФМ, тројца завршија

19/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43842
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy