Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БАНКРОТИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА ПРОДОЛЖУВААТ, ВО ПРВИТЕ 12 ДЕНА ОД ОКТОМВРИ ПОРПАДНАА ШЕСТ КОMПАНИИ: Експертите не се оптимисти
Економија

БАНКРОТИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА ПРОДОЛЖУВААТ, ВО ПРВИТЕ 12 ДЕНА ОД ОКТОМВРИ ПОРПАДНАА ШЕСТ КОMПАНИИ: Експертите не се оптимисти

13/10/2023

AA

Пропаѓањето на
компаниите во Германија како
да станаа нормална појава. Секој
ден слушаме за банкротирање уште најмалку една компанија. Светската криза
масовно ги погодува сите компании, невработеноста расте, а бројот на затворени
фирми од ден на ден се зголемува. Колку е сериозна сегашната криза најдобро
говори фактот што ни втората најсилна економија во светот не може да ја
избегне.

За само дванаесет дена од октомври, во Германија биле
банкротирани 6 фирми, што значи дека секој втор ден е затворена по една компанија. Експертите
сметаат дека тоа е последица на високата инфлација како и падот на куповната
моќ на граѓаните. Сите индустрии се на удар, од автомобилската, прехранбената,
модната…

– Германската економија ги трпи последиците од инфлацијата. Одредени компании веќе имаа
проблеми за време на короната, кои сега само продолжија. Во Германија има
голема конкуренција, па помалите компании побрзо трпат. Компаниите се изложени на ризик затоа што
паѓа куповната моќ на граѓаните, што повторно е последица на инфлацијата, односно
растот на цените, оценуваат економските аналитичари.

Производител на
автомобили затвора фабрика

Францускиот производител на автоделови Valeo сака да затвори
дел од својата фабрика во германскиот град Бад Нојштад во јули следната година.
Германскиот синдикат на металски
работници наведува дека околу 300 производни работници ќе останат без
работа, додека околу 200 работни места во истражување и развој ќе бидат
зачувани од компанијата. Valeo веќе ги извести своите 500 вработени за
стечајот.

– Компанијата сака во иднина производството на електромотори
да го префрли на поевтина локација – велат од синдикатот. Локалните медиуми
повикувајќи се на извори од компанијата пренесуваат дека во иднина производството
ќе се одвива во фабрика во Полска.

И двевековниот Zeller отиде во стечај

По 229 години традиционалната компанија Zeller од Германија
мораше да прогласи банкрот. Производителот на садови е познат по многу
популарни производи. Ова е втор пат германскиот производител на керамика Zeller
да наиде на финансиски тешкотии. Сега компанијата мораше повторно да поднесе
барање за стечај, пренесува списанието Феникс.

Фабриката Zeller
произведува садови од серијата „Hahn und Henne“ околу 125 години. Според
компанијата, познатиот прибор за јадење се произведувал исклучиво во Шварцвалд.
Дали со појадок или попладне со кафе и колач – чашите и чиниите со црн петел
или кокошките на жолта позадина често беа главното нешто на свежо поставената
маса во Германија.

Производителот Zeller е традиционална германска компанија.
Нивните производи се многу популарни и надвор од Германија, на пример во САД.

Познатиот
производител на играчки банкротираше

Познатиот германски производител на играчки Playmobi отпушта
стотици вработени во филијали ширум светот! Германските медиуми јавуваат дека
компанијата укинува околу 700 работни места ширум светот, додека 370 работници
ќе останат без работа во Германија.

Групацијата Хорст Брендстер, сопственик на брендот, со
седиште во Зирндорф, во понеделникот објави кратење на работните места.
Укинувањето на работните места одговара на удел од 17 отсто во целиот свет и 16
отсто од вкупниот број вработени во Германија.

– Менаџментот на компанијата се одлучи за банкрот откако
заврши сеопфатна анализа на сите деловни области и земајќи го предвид развојот
на бизнисот и актуелните економски предизвици – изјави портпаролот на
компанијата.

Според германските медиуми, матичната компанија бележи
големи загуби во продажба и заработка во последните две деловни години.
Компанијата во петокот објави дека производителот на Playmobi сака да го
придвижи производството на одредени производи и да елиминира 74 работни места.
Компанијата објави дека создавањето специјални форми за играње повеќе не е една
од нејзините основни надлежности и дека ја изгубила својата важност. Playmobi
беше лансиран во 1974 година.

Модната куќа
банкротираше по 123 години работа

Германската модна куќа Рубсамен, со седиште во Аугсбург,
прогласи недамна стечај. Вработените
во некои продавници веќе се отпуштени. Модната куќа има 13 продавници во
Фридберг, Ајхах, Фирстенфелдбрук, Валхајм, Мурнау, Ландсберг, Дахау и
Шробенхаузен.

Првата продавница
е отворена во Аугсбург во далечната 1900 година. Германските медиуми јавуваат
дека стечајниот процес за три компании од групацијата Рубсамен е отворен на 28
септември. Може да има решение за групата во рамките на стечаен план или
договор со доверителите. Поради процесот на инвеститори што беше започнат во
последните недели, очекуваме да добиеме и обврзувачки одговори од оние
инвеститори кои изразија сериозен интерес за инвестирање или преземање на
компанијата во текот на октомври – велат од менаџментот. Компанијата го
намалува продажниот простор, а истовремено ги проширува услугите и
консултантските услуги.

Прехранбена компанија оди во стечај

Познатиот
производител на храна за бебиња Innfood е уште една германска компанија за
храна која поднесе барање за стечај. За да избегне повеќе празни полици во
супермаркетите, компанијата очајно бара помош од инвеститорите.

Имено, Innfood во
летово поднесе барање за стечај и оттогаш компанијата се бори за опстанок. Како
приватен производител на етикети за малопродажниот гигант Едека, меѓу другото,
банкротот може да влијае и на многу потрошувачи.

-Стечајната постапка
трае од октомври. Потребна е итна финансиска инјекција за да се обезбеди
иднината на компанијата. Сепак, според Јохен Вагнер од адвокатската канцеларија
Вагнер-Ленер, веќе се разговарале со можните инвеститори, објави „Lebensmittelzeitung“.

Една од најголемите германски компании
банкротираше

Групацијата
Клингел од Pforzheim поднесе
барање за стечај во мај. Компанијата е една од најголемите поштенски компании
во Германија, со историја која датира од 1923 година. Околу 1.600 вработени се
погодени од актуелните настани, пишуваат германските медиуми. Пред само неколку
децении, нарачката по пошта беше популарна алтернатива на физичката
малопродажба.

Веста за
неликвидност не е нова за германскиот пазар. Големи имиња како Peek &
Cloppenburg, Gerri Weber, Gortz и Ahlers AG прогласија банкрот. Причините беа
многу слични, а групата Клингел исто така изјави дека банкротот е резултат на
инфлацијата, повнимателно трошење пари и последиците од војната во Украина.

– Како и целата
поштенска индустрија, така и Групацијата Клингел веќе една година се соочува со
огромни предизвици. Целокупното економско опкружување енормно се промени, рече
извршниот директор на K-Mail Order GmbH&Co. Сега, околу 1.600 вработени се
во неизвесност.

ФОТО: Zeller Keramik

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кошта утре пристигнува на средба со Мицкоски

01/06/2026
Македонија

Маж ѝ истурил хемиско средство во очите на својата партнерка

31/05/2026
Македонија

Приведено лице баранo со судска наредба за криумчарење на мигранти

31/05/2026
Македонија

Алијанса за Албанците стана „Албанска лига“ – Села најави силна

31/05/2026
Македонија

Четири лица уапсени и еден извршен службен разговор по седум

31/05/2026
Македонија

Со тротинет удрил во пешак во Гостивар и избегал!

31/05/2026
Македонија

Филипче: Евроинтеграциите зависат само од власта, уставните измени не се

31/05/2026
Македонија

20 ученици со симптоми на стомачни тегоби: Се испитува дали

31/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43569
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кошта утре пристигнува на средба со Мицкоски

01/06/2026

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, оваа недела започнува нова регионална турнеја низ Западен Балкан посветена на проширувањето на Европската

Маж ѝ истурил хемиско средство во очите на својата партнерка додека биле во автомобил!

31/05/2026

На 30.05.2026 година во СВР Скопје, 37-годишна жена пријавила дека во близина на нејзиното работно место, додека била во возило

Приведено лице баранo со судска наредба за криумчарење на мигранти

31/05/2026

Денеска (31.05.2026) во 15:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, постапувајќи по судска наредба, го

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy