
БАЛКАНОТ БРОИ И ЖРТВИ И МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ ОД КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ: Три дена жалост во Босна
Десетици жртви загинаа
во поплавите и свлечиштаво
Босна и Херцеговина, додека спасувачите трагаат по десетици исчезнати лица,
објавија властите. Во потрагата се
вклучија и спасувачи од регионот, а
пристигнаа и тимови на ЕУ, додека за евакуираните семејства се носи
хуманитарна помош.
Елементарна
непогода и поројни
зафатија делови од Црна Гора и Хрватска, каде на брегот на Јадранското Море, во
Макарска и Далмација беа целосно
поплавени патиштата,
мостовите, а силниот ветер фрлаше цели автомобили во морето.
Сепак, најтешко погодена
област е Долна Јабланица во Босна, на патот меѓу Мостар и Сараево.
Потрагата по исчезнатите е отежната поради излевањето на
калта и канализацијата во, а прогласена
е и вонредна состојба. Властите во
Босна прогласија тридневна жалост.
Минатиот месец
поплави погодија голем дел од Централна Европа, особено Полска, Чешка и
Романија, со голема материјална штета и повеќе жртви.
Научниците од
World Weather Attribution изјавија дека овој четиридневен период бил
највлажниот некогаш забележан во регионот.
Тие додадоа дека
поплавите биле толку обемни поради климатските промени.
Европа е
континентот кој најбрзо се загрева.
Според
Климатската служба Коперник, во изминатите пет години беа во просек околу 2,3
степени потопли отколку во втората половина на 19 век.
фото: EPA-EFE/NIDAL SALJIC
